Ервин Цого го замени Скопје со живот во мал град во Швајцарија: „Сè е совршено, но ми фали бурек – не можам да јадам био салати“

„Фрибург е мал, но симпатичен град. Има убави места кои може да се посетат, но нема којзнае каков ноќен живот, и ноќниот живот не е ни приближно добар како кај нас. Искрено, веќе и не знам каде се излегува, бидејќи слободното време го користам за прошетка со ќерка ми. Земјата ги има сите поволности за одгледување на децата, а тоа е она што многу ми се допаѓа“, вели Ервин Цого за животот во Швајцарија.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-01.jpg

Македонскиот баскетџија, Ервин Цого (30) од Скопје, веќе 4 години живее во Фрибург, Швајцарија.

Брзо пред почетокот на пандемијата, заминал таму за да ја посети својата девојка, но, бидејќи се затвориле границите, останал 9 месеци пред да се врати дома.

Сега, таму живее со девојката и нивната ќеркичка.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-05.jpg

Ервин закрепнува од операција на коленото, поради која во јули 2023 стави крај на кариерата со репрезентацијата на Македонија во баскет (3х3).

„Баскетот е спорт сличен на кошарката, но во секоја екипа играат само по 3 натпреварувачи, се игра на еден кош, и поените се бројат поинаку – тоа што во кошарката е 2 поени во 3х3 е 1 поен, а тоа што во кошарката е тројка, во баскетот се брои како два поена.

Ова се само дел од сличностите и разликите меѓу двата спорта“, вели Цого, кој во својата кариера играше и за „МЗТ Скопје, „Работнички“, „Вардар“ и други. 

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-15_copy.jpg

Овој пат, во разговор за CRNOBELO.com, Ервин ни раскажа за животот во Фрибург, како го минува времето во Швајцарија и зошто никако не може да се навикне на органското авокадо и салати:

Зошто реши да си заминеш од Македонија?

Кога ја започнав врската со сегашната девојка, дојдов на неколку дена овде. Но, фати короната и останав 9 месеци.

Кога се отворија границите, се вратив во Македонија на неколку дена, но повторно си дојдов во Швајцарија, каде што веќе почнавме да градиме заеднички живот со девојката.

Подоцна, кога сè се отвори, а животот почна да се враќа во нормала, почнаа и 3х3 турнирите, па јас во тоа време почнав да играм за најдобрата швајцарска екипа во баскет, „Лозана“.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-14_copy.jpg

Како би го опишал животот во Швајцарија? Што ти е најубаво, а што не ти се допаѓа поврзано со животот таму?

Периодов закрепнувам од повреда. Имав операција на коленото, поради што сега имам многу време да ѝ се посветам на мојата ќеркичка Меи.

Убаво ми е кога поминуваме време фамилијарно, а секако, гледам во текот на денот да истренирам за да се вратам во форма за претстојните турнири.

Во Швајцарија не ми се допаѓа тоа што е многу ладно, по трипати на ден се менува времето, човек никогаш не знае како да се облече.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-08.jpg

Се навикна ли на животот таму?

Па, искрено, животот тука не е тежок.

Имам обврски секој ден и многу, многу, не обрнувам внимание на тоа како „треба да се однесувам“ и дали треба да менувам навики за да се вклопам во средината.

Сепак, доаѓам од нормална средина, добро сум воспитан, научен да ги почитувам туѓите правила, па така и адапцијата тука не ми претставуваше проблем.

Кога можат сите, можам и јас.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-03.jpg

Каков е градот кај што живееш? Има ли добар ноќен живот? Каде се излегува најчесто?

Фрибург е мал, ама е симпатичен град.

Има убави места кои може да се посетат, но нема којзнае каков ноќен живот. Не сум излегол тука одамна, но тука нема ни приближно толку добар ноќен живот како кај нас.

Искрено, и не знам веќе каде се излегува, бидејќи секое слободно време го користам за прошетка со ќерка ми.

Ние сме најдобри другари и секаде одиме заедно. Нонстоп сме по некои игротеки или седнати некаде на кафе. Секој ден си имаме „дејт“.

Со неа сум скоро секаде. Некогаш ја земам и на турнири со мене.

Швајцарија во сè е светлосни години пред Македонија и тука ги има сите можни поволности за одгледување на детето, а тоа е она што многу ми се допаѓа.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-20.jpg

Има ли дружење како кај нас, пријатели со кои можеш во секое време да излезеш на кафе, на ручек?

Не, тоа не постои тука. Јас не сум наишол сè уште на такви луѓе.

Луѓето тука работат од 6 до 6 и немаат многу време за да си го дозволат тоа задоволство.

Ручекот се знае, трае од 12 до 1, и сите јадат или купена храна или си носат јадење од дома.

Нема ни тогаш многу дружење.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-09.jpg

Какви се Швајцарците како народ? Дали се студени како што ни делува од страна?

Секогаш зависи од карактерот на човекот, нели, но Швајцарците се навистина многу ладни.

Едвај ‘Добар ден’ ќе ти кажат.

Но, во оваа земја има премногу луѓе доселени од други земји, па така може со некој да се поразговара, да се излезе, да се подружиш.

ervin-cogo-za-zhivotot-vo-shvajcarija-se-e-ubavo-no-mi-fali-burek-ne-mozham-da-se-naviknam-na-organsko-avokado-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg