Македонијо, убава си! Недопрената природа на Јабланица, низ објективот на Александар Менкиноски

„Имав неверојатна прошетка на планината Јабланица која ја направив на зајдисонце, ден пред празникот Голема Недела. Во селото Јабланица, кое е на истоимената планина, се наоѓа манастирот на Св. Илија, кој е на надморска височина од 1.450 метри...“, ја започнува својата приказна Александар Менкиноски, фотограф од Струга, за CRNOBELO.com и ни ја доловува убавината на нашата Македонија.

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-01.jpg

Александар Менкиноски e фотограф од Струга, кој обожава да ги „замрзнува“ сите моменти што се наоѓаат околу него.

Вели дека секојдневно шета во околината на Струга и Охрид заедно со неговиот фотоапарат и фотографира речиси 13 години.

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-02.jpg

Тој целиот негов живот бил опкружен со фотографска опрема, наследувајќи ја од неговиот татко. Потоа, со тек на време желбата прераснала да се префрли и од светот на фотографијата во светот на филмот и ТВ преносот.

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-03.jpg

За CRNOBELO.com тој издвојува една негова интересна авантура на планината Јабланица:

„Имав неверојатна прошетка на планината Јабланица која ја направив на зајдисонце, ден пред празникот Голема Недела. Во селото Јабланица, кое е на истоимената планина, се наоѓа манастирот на Св. Илија, кој е на надморска височина од 1.450 метри.

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-04.jpg

Таму се празнува и празникот Голема Недела, кој обично паѓа на последниот викенд од месецот септември.

Еден ден пред него започнуваат сите подготовки за големиот празник. Искачувајќи се по патот, се решив зајдисонцето да го поминам уште неколку стотина метри над манастирот и да направам интересни панорамски фотографии.

А, овој поглед беше пресуден за тоа и да го направам.

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-05.jpg

Заедно со мојот апарат, се упатив нагоре директно по шумата. По одредено време чекорење се појавив на една чистинка, околу мене повеќе немаше дрвја кои ми го попречуваа погледот.

Сè уште беше високо сонцето, дури заслепувачки, но сепак решив да го зграпчам тој момент. Па, така се роди оваа фотографија:

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-06.jpg

Веднаш по овој момент, се решив да го свртам мојот поглед кон југ, односно кон дворот на манастирот.

Беше една прекрасна и величествена глетка којашто исто така се изрази и на сензорот од мојот апарат. Тоа изгледаше токму вака:

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-07.jpg

После тој поглед се одлучив да направам и неколку фотографии кои малку од поблиску ќе го доловат дворот на манастирот:

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-08.jpg

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-09.jpg

Така додека сонцето полека се криеше зад планината, го продолжив моето кратко искачување по планината Јабланица. Беше еден многу „карпест“ предел, кој изгледаше како да се искачувам на Алпите или барем само така се чувствував.

svetsko-a-nashe-nedoprenata-prirodna-na-jablanica-niz-objektivot-na-aleksandar-menkinoski-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg