Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Македонците важат за вредни работници“

Дали си имала некое непријатно доживување или бура на брод?

Да, иако бродот е многу безбедно место за работа и е опремен со напредна технологија и стабилизатори кои го одржуваат стабилен и комфорен, мајката природа е нешто што не може да се контролира.

Сум била на брод неколкупати во близина на урагани, и кога велам во близина, се мисли на доволна оддалеченост за да сме безбедни, но доволно да се почувствува таа бура и немирното море.

Како што напоменав, бродовите се добро опремени да се справат со такви бури и може да променат својата дестинација или да откажат застанувања во земји или области кои не се безбедни ако е потребно за да се гарантира безбедноста и на гостите и на екипажот.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-12.jpg

Имаш стигнато до менаџерска позиција. Дали е тешко да се добие унапредување на брод, кои се условите? Дали ти беше тешко да бидеш лидер на интернационален тим?

Искрено, мене не ми беше тешко да добивам унапредување.

Имав многу добар перформанс од самиот почеток на работата, немав ниту еден запис на недолично однесување во и надвор од работата, имав многубројни пофалби и позитивни коментари од гостите, менаџерите со кои сум работела, а исто така и од другите оддели на бродот со кои соработував во текот на моите обврски надвор од одделот со деца.

Не е лесно да се менаџира тим кој е составен од луѓе од различни страни на светот, различни традиции, карактери, религии и националности, но јас немав многу предизвици со тоа, затоа што се дружев со луѓе од целиот свет и секој оддел на бродот, и тоа ми овозможи да ги запознаам на подобар начин секоја различност која ја имаме како луѓе и да доведе до олеснување во менаџирањето на истите.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-21.jpg

Како Македонците се прифатени на брод? Дали важат за вредни или мрзеливи?

Во првите години немав можност да работам со многу Македонци, но како поминуваа годините работата на брод стана многу позната и популарна, па Македонците беа позастапени.

Најискрено, од лично искуство и разговори кои сум ги имала со други националности, Македонците, или поголемиот дел од нас, се познати како добри, вредни и верни работници.

Прифаќањето на луѓето на брод многу зависи од тоа како ние како личности се претставуваме и однесуваме со околината.

Јас сум била на повеќе од 15 различни бродови и секогаш од секого сум била прифатена и почитувана.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-25_copy.jpg

Каков е животот на брод? Во поглед на слободно време, храна, дружба, забава, љубовни врски?

Како што напоменав претходно, слободното време зависи дали бродот плови во текот на денот или е застанат во некоја земја.

Секако повеќе слободно време имаме кога посетуваме некоја земја, затоа што поголемиот дел од луѓето излегуваат да ги посетат овие дестинации.

Во секој случај бродските компании имаа закони за вработените кои мораат да се почитуваат и која ни дава задолжителни одмори во текот на денот и одредени часови за одмор од завршувањето на работното време до започнувањето на работното време од наредниот ден.

Сместувањето и храната се бесплатни за вработените, а за останато, како на пример, алкохол, цигари, посети на добри ресторани или екскурзии се плаќа со одредени попусти, кои се во полза на вработените.

Различни забави и активности се нудат и организираат за вработените секој месец, од кои претежно две големи забави со жива музика или DJ.

Секоја вечер е исто така достапен crew bar (бар за вработените), каде сите можат да уживаат во музика, пијачка, билјард, фудбал на маса, пикадо и многу други игри.

Љубовните врски не би ги коментирала премногу, затоа што како и на копно, така и на брод има луѓе кои бараат само забава, а има и луѓе кои успеваат да си го најдат својот животен партнер баш на брод.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-04.jpg

Колку најдолго си била само на море, без да стапнеш на копно?

Од работна перспектива, најдолго сум била 20-тина дена без шанса да излезам од брод поради патувањето од Флорида до Кадиз, Шпанија, без гости, кога бродот требаше да направи реконструкција и сервис.

Додека од лична одлука, најдолго што не сум била на копно беа два месеци.

Како што напоменав, тоа беше лична одлука и после неколку месеци работа без слободен ден, секое слободно време во тие два месеци го искористив за одмор.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-28.jpg

Дали би можела да споделиш некоја интересна случка со гостите на брод?

Имам многубројни интересни случки со гостите во овие 13 години, ама мене ми беше многу занимливо како моето однесување и третирање на гостите предизвика голем број од нив да посакаат да ме видат уште еднаш и да крстарат пак, како и да донесат други членови од нивната фамилија за да се запознаеме и дружиме.

Помеѓу многубројните гости кои се вратиле или на истиот брод или по една година да дојдат на бродот каде што работам јас, можам да кажам дека имав четири фамилии кои се вратиле девет пати на бродот каде што работев јас.

Тоа е една од многуте работи кои ме направиле среќна и да ги почувствувам како моја фамилија, а не како гости кон кои сум обврзана работно.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-19.jpg

Што ти е најтешко или најпредизвикувачко додека си на море?

На самиот почеток ми беше многу тешко што сум далеку од својата фамилија. Со тек на време, тоа чувство никогаш не се олеснува или намалува, но човек на сè се навикува.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-23.jpg

Дали кога си дома, ти недостига бродот?

Дефинитивно, да, тоа е некое необично и неописливо чувство.

Иако си пресреќен што по толку многу месеци си дома и можеш да поминеш време со пријателите и роднините, дефинитивно ти недостига бродот.

Тоа што секој ден си на различно место, на различна плажа, можеш да запознаеш нови пријатели, ново искуство, е нешто што многу ретко можеш да го доживееш додека си дома.

bitolcakata-divna-za-rabotata-na-brod-nekolku-pati-bev-vo-blizina-na-uragan-20.jpg

Прочитајте повеќе за Дивна на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg