Дарио и Коста отидоа на одмор во Будва со велосипеди: „Возевме од 8 до 10 часа на ден, оваа авантура нема да ја заборавиме“
Со кои предизвици се соочивте за време на оваа авантура?
Предизвици беа временските услови. Топлото сонце во комбинација со силниот ветер во гради на моменти е голем предизвик.
Каде ги поминувавте ноќите? Во шатор? Во хостели?
На вакви долги тури обично спиеме во шатор, но овојпат се одлучивме да спиеме во приватни сместувања, поради тоа што не сакавме да носиме шатори поради дополнителна тежина.
Турата е специфична и има голема елевација, па шаторот е дополнителен товар. Неколку ноќи поминавме возејќи ги велосипедите.
Успеавте ли да запознаете и да размените искуства со локалци? Или можеби со други патници?
Сретнавме велосипедист од Шпанија кој возеше до Истанбул и назад. Исто така сретнавме и велосипедист од Германија кој одеше до албанско-грчка граница.
Имаше уште многу велосипедисти како нас, но не успеавме да воспоставиме контакт.
Еве, сега веќе сте вратени во Велес, па ме интересира како гледате на целокупното искуство. Извлековте ли некоја важна животна лекција? Научивте ли нешто ново за себе?
Колку и да си подготвен секогаш може да те снајде нешто неочекувано. Додека патувате со велосипед ќе научите да се снајдете во секоја ситуација.
Со ова прашање може да го завршиме нашиот разговор. Кој совет би им дале на оние велосипедисти кои сакаат да се впуштат во слично патување на подолга релација?
Топло препорачуваме на секој што има можност, желба за авантура и адреналин да прифати ваков предизвик, бидејќи авантурата е загарантирана.
Ова останува врежано во добрите сеќавања засекогаш.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. Х. | Црнобело