„Го посетив националниот парк Тет во Албанија - на 10 часа возење од Скопје со автобус ќе имате чувство дека сте на Алпите“
Успеавме да ги посетиме и водопадот и езерото Blue Eye, кое се создава од стопениот снег на планината.
Видовме сè што требаше благодарение на времето кое добро нè послужи.
Двете места се природни убавини кои не можат во целост да се пренесат преку слика, туку мора да се доживеат за да успеете да ја доловите нивната убавина во полн сјај.
Највоодушевувачкиот момент за мене беше самата местоположба и релјефот на националниот парк, затоа што се наоѓавме во еден вид кратер, па на која страна и да се свртевме, бевме опкружени со планини.
Би го споредил со некое место на Алпите, од причина што цело време имате некое такво нереално чувство дека не се наоѓате во Албанија.
И самите локалци ги нарекуваат „Албанските Алпи“.
На секој љубител на природата би му препорачал да го посети националниот парк и да ужива во неговите убавини.
Доколку се кондициски спремни да издржат повеќечасовно пешачење ова патување не би требало да претставува проблем дури и за луѓе кои не планинарат.