Александар Василевски, наш јутјубер во Малта: „Си купив стан, а мажите локалци и до 35-тата година живеат со родителите“

Имаше ли некој непријатен миг таму?

Непријатен миг кој бил толку страшен да ми остане во сеќавање сум немал, но ако треба да извлечам нешто тоа би било цимерскиот живот.

Сега сум среќен и благодарен сум што успеав да купам стан на Малта, па цимерски проблеми немам, но кога делев стан со други луѓе имав ситуација цимер да избега без да плати кирија.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-13.jpg

Кое ти е најубавото место таму?

Најубаво место за мене на Малта е Блу Грото (Blue Grotto), тоа се преубави морски пештери кои се достапни со брод и тука го доживувам најубавото зајдисонце на Малта.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-10.jpg

Какви се локалците кога станува збор за љубовните врски? Какви ставови имаат во поглед на бракот?

Локалците се топли луѓе по душа, знаат да сакаат и да ти го дадат светот на дланка, се почитуваат меѓусебе, многу се религиозни и веруваат во брак и фамилија.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-04_copy.jpg

Какви се локалците кога станува збор за пријателствата? Си одите ли со пријатели оттаму по гости дома?

Локалците се многу дружељубиви и често имаат многу пријатели. Во летниот период се собираат на скара во сабота навечер на плажа или посетуваат ресорти на викенд, каде има шведска маса со вклучени пијалаци и минуваат викенд исполнет до многу храна вино и забава.

Тие имаат навика да испечат локален колач (имарет или пудина) и да ве повикаат на колач и кафе. Или спремаат домашна пица и ве повикуваат да играте бинго (томбла) или „Не лути се човече“.

Ова го прават локалците кои живеат во типичните малтешки села во јужниот и северниот дел.

Богатите Малтежани од централниот дел ве повикуваат на порачана храна во нивниот пентхаус или викаат готвач да зготви скара за сите, а еднаш месечно прават шопинг патување во Италија и Сицилија.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-07.jpg

Ја препорачуваш ли Малта како место за одмор?

Ја препорачувам Малта за одмор, сместувањето е неверојатно скапо и тоа сè повеќе поскапува од година во година.

Паметам во 2015 година кога започнав да работам како рецепционер, најскапата соба во летен период беше 60 евра за ноќевање, а летниов период 2023 истата соба изнесува 230 евра за ноќевање.

Сепак Малта вреди да се види, има многу да понуди за љубителите на историјата, добра морска храна и за тие што уживаат во забава и ноќен живот.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-05.jpg

Би се вратил ли да живееш во Македонија некогаш?

Македонија е моја родна земја, горд сум на неа и уживам секојпат кога го посетувам моето Скопје, но 10 дена посета на секои 2 месеца ми се доволни.

Не би се вратил да живеам назад, ако не е Малта, би продолжил во Кипар или Португалија.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-06_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg