Катерина живее на Малта: „Ја напуштивме Македонија со две мали деца, воопшто не беше лесно“

Висок ли е стандардот на живот? Некоја цена од таму кафе /пиво…

Стандардот на живот е доста висок за дојденците, поради високите цени на кириите.

Цените во маркетите, кафеаните и кафулињата се доста поскапи отколку во Македонија, но се достапни за малтешките плати.

Едно кафе е 2.5 до 3 евра, пивото е околу 5 евра топка сладолед, 2 евра едно сокче итн.

katerina-zhivee-na-malta-ja-napishtivme-makedonija-so-dve-mali-deca-voopshto-ne-beshe-lesno-14.jpg

Би ја препорачала ли оваа земја како туристичка дестинација? Среќаваш ли постојано македонски туристи?

Малта е доста доброорганизирана туристичка земја. Ја препорачувам на сите љубители на топлата клима, морето и на старите градби.

Македонски туристи има многу, а најчести се оние кои нивните фамилии живеат на Малта и одат на посета, но има и такви кои што се дојдени само на одмор. Но, да бидеме искрени за македонскиот стандард е доста скапа дестинација.

katerina-zhivee-na-malta-ja-napishtivme-makedonija-so-dve-mali-deca-voopshto-ne-beshe-lesno-19.jpg

Какви се локалците кога станува збор за љубовните врски? Какви ставови имаат кон бракот?

Како што можам да приметам Малтежаните и љубовта не се баш во добра комуникација.

Тие не даваат големо значење на љубовта, семејството и бракот. Повеќето од нив живеат во вонбрачни заедници, но секако има и исклучоци.

katerina-zhivee-na-malta-ja-napishtivme-makedonija-so-dve-mali-deca-voopshto-ne-beshe-lesno-20.jpg

Какви се локалците кога станува збор за дојденци, ги прифаќаат ли?

Кога дојдовме првпат во 2015 година на Малта 90% од популацијата беше Малтежани и на нас странците гледаа малку со страв, поради тоа што тие се многу мирен народ и пред доселбата на дојденци стапката на криминал во Малта била 0.01%.

Но, со тек на времето како се доселија сè повеќе и повеќе странци веќе нема никаква поделба. Луѓето ги делат само по карактер, а не по нација.

katerina-zhivee-na-malta-ja-napishtivme-makedonija-so-dve-mali-deca-voopshto-ne-beshe-lesno-13.jpg

Би се вратила ли да живееш во Македонија некогаш?

Сега за сега немаме планови за да се вратиме. Децата се навикнаа на околината имаат свои пријатели и хоби.

Но, никогаш не би рекла дека никогаш нема да се вратам, сепак тоа е наша родна земја. Таму ни се родителите и фамилијата.

katerina-zhivee-na-malta-ja-napishtivme-makedonija-so-dve-mali-deca-voopshto-ne-beshe-lesno-10.jpg

katerina-zhivee-na-malta-ja-napishtivme-makedonija-so-dve-mali-deca-voopshto-ne-beshe-lesno-09.jpg

Повеќе фотографии од Катерина од Малта:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg