Босански ќебап, грчко гиро – Листа со најдобри традиционални јадења низ светот, ја има ли Македонија?
Српската плескавица е на претпоследно место, грчкото гиро на 31-во, а на прво место е јапонски специјалитет – ја има ли Македонија на листата со 100 најдобри традиционални јадења во светот?
На сајтот на Taste Atlas каде може да се најдат многу специјалитети од земјите во светот, како и рангирања за истите, е објавена листа со 100 најдобри традиционални јадења за 2022.
Со оглед на тоа што ги има босанскиот ќебап, српската плескавица и грчкото гиро, веројатно очекувате и некој македонски традиционален специјалитет, но за жал, го нема на оваа листа.
Дефинитивно, Грција, Италија и Турција се земјите од регионот кои преовладуваат со најголем број најубави јадења.
Во продолжение издвојуваме некои од најубавите јадења на листата:
Karē (јапонско кари со ориз или нудли), Јапонија – 1-во место
Amêijoas à Bulhão Pato (школки со сос од маслиново масло, лук, лимон), Португалија – 3-то место
Пица Маргарита (домати, моцарела и босилек), Италија – 11-то место
Gambas al ajillo (ракчиња во сос со лук, лимон, пиперка и маслиново масло), Шпанија – 13-то место
Шиш-кебап (маринирано месо на стапчиња), Турција – 14-то место
Païdakia (јагнешко на скара), Грција – 15-то место
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





