Како правилно да ги складирате сирењето и кашкавалот за да траат подолго и да не им се промени вкусот?
Не ги чувајте до храна со силен мирис
Најдобро е да не ги чувате кашкавалот и сирењето во близина на ароматична храна, како портокали.
Тие можат да „впијат“ дел од миризбата на другата храна, што секако дека ќе има влијание врз вкусот.
Не треба да ги чувате на многу студено место
Идеалната температура за чување сирење или кашкавал е околу три степени Целзиусови.
Пониската температура може да ги замрзне и со тоа да им го промени вкусот.
Можеби најдобро е да ги чувате во фиоката од фрижидерот, каде што температурата е постабилна.
Не ги чувајте во замрзнувач
Замрзнувачот ќе предизвика промена во вкусот, но и текстурата на кашкавалот и сирењето, па немојте да ги чувате таму.
Чувајте го сирењето во кутијата со пресол
Ако купите сирење (или моцарела) во пресол, препорачливо е да го чувате во пресолот ако сакате да ви трае подолго.
Сирењето со мувла треба да се чува одвоено
Сирењето со мувла, познато и како сино сирење, треба да го чувате во посебен затворен сад.
Добро познат факт е дека овие сирења имаат силен мирис кој лесно може да се пренесе на другата храна во фрижидерот.
Спирова С. | Црнобело