Храна со навидум неограничен рок на траење на која ѝ се менува вкусот ако ја чувате многу долго
Брашно
Брашното може да биде погодно за употреба и неколку месеци откако ќе му помине рокот на траење, но и во овој случај можно е да забележите промена во вкусот.
Генерално, отвореното брашно трае од шест до осум месеци, но ако го ставите во фрижидер, може да трае подолго од една година.
Само внимавајте – ако го чувате во фрижидер, морате да го затворите добро и да го заштитите од влага.
Суво овошје
Сушеното овошје го задржува убавиот вкус до шест месеци. Погодно е за јадење и потоа, но вкусот нема да ви се допадне.
Можете малку да го продолжите овој рок од шест месеци ако го чувате сувото овошје во добро затворен сад и во фрижидер.
Вреќички чај
Препорачливо е да ги употребите вреќичките чај во рок од една година. По овој период, чајот може да има потполно различен вкус.
Притоа, избегнувајте да го чувате чајот во близина на ароматични зачини бидејќи лесно впива мириси и вкусот може да му се уништи многу побрзо.
Житарици
Откако ќе ги отворите, житариците ќе го задржат добриот вкус околу три месеци.
Потоа, поради изложеноста на воздух и влага, нема да бидат воопшто вкусни.
Кафеав шеќер
По околу четири месеци откако ќе го отворите, кафеавиот шеќер ќе почне да се стврднува и ќе се јави промена во вкусот.
Можете да го продолжите овој рок ако го чувате шеќерот во добро затворен сад.
Спирова С. | Црнобело