7 грешки во готвењето со кои ги уништувате десертите
Не ги мешате сувите состојки пред да ги додадете течните
Мешањето на сувите состојки овозможува рамномерно да се распоредат шеќерот, солта, како и прашокот за печиво.
Ако ги измешате влажните состојки пред да ги додадете на сувите тоа значи дека ќе треба помалку да го мешате (месите) тестото во целост и ќе избегнете да добиете лепливо (згмечено) тесто во крајниот производ.
Додавате фил на жежок колач
Речиси на сите почетници им се случува да немаат доволно трпение, па да не чекаат тортата во целост да се олади и се обидуваат да стават фил.
Дури кога филот ќе се разлее по целиот колач сфаќаат дека направиле грешка.
Правите неправилна замена на состојките
Кога правите замена на состојките во рецептот тоа мора да го направите како што треба. Ако користите на пример сода бикарбона наместо прашок за печиво треба прво добро да проверите колкава количина треба да ставите од втората состојка.
Слично е и со менувањето на некои други состојки, што може да направи во целост рецептот да не наликува на она што сте очекувале да го добиете.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: pexels.com