10 правила со кои Французинките ја одржуваат линијата, без да се откажат од омилената храна
Но, не се откажуваат ни од десертите
Во Франција можете да најдете превкусни десерти и разбирливо е што ни локалците не сакаат да се откажат од нив.
Сепак, за да го избегнат дебелеењето, Французинките внимаваат на големината на порциите и се умерени, односно не ги јадат секој ден.
Не пијат кафе додека одат
Пиењето кафе „во чекор“ станува популарно и кај нас. А, најчесто ова е кафе со млеко и шеќер, односно со дополнителни калории.
Французинките многу повеќе сакаат да седат и да испијат шолја еспресо, а со тоа внесуваат помалку калории.
Секако, не мора да се откажете од омиленото кафе со млеко и шеќер, но пробајте да бидете умерени.
Јадат супи
Еден од најпознатите француски специјалитет е супата од кромид.
Но, Французите оваа супа најчесто ја јадат во ресторани бидејќи процесот на подготовка трае долго, а и самото јадење има многу калории.
Сепак, и мажите и жените од Франција сакаат други видови супи со помалку калории кои честопати се дел од нивната трпеза. А, познато е дека кога како предјадење ќе изедете супа, колку-толку ќе се заситите, па ќе изедете помалку од главниот оброк.
Избегнуваат пијалаци со шеќер
И Французинките сакаат пијалаци со шеќер, но се ограничуваат на една чаша дневно.
Нивниот омилен пијалак е вода.
Кога се во можност, готват дома
На сите ни е јасно дека домашно приготвената храна секогаш е поздрава опција.
Поради ова, секогаш кога можат, Французинките самите ја готват храната што ја јадат.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





