Чести кулинарски грешки кои сигурно и вие ги правите несвесно
Веднаш ја тргате храната од тавата
Дури и откако ќе ја тргнете тавата од оган, храната продолжува да се готви од нејзината топлина.
Па, препорачливо е да ја оставите внатре уште неколку минути.
Ако пак, печете месо, оставете го и подолго – ако го исечете веднаш, ќе ги исцедите сите сокови од него.
Не ја собирате косата кога готвите
Никој не сака влакна во храната што ја јаде, па пред да почнете со готвење, задолжително соберете ја ваша коса. Ова е чекор што не треба да го заборавите.
Носите накит додека готвите
Можеби сте навикнати на вашиот прстен, но подобро извадете го ако готвите.
На накитот лесно се собираат многу бактерии кои можат да завршат во вашата храна. Покрај тоа, ако месите тесто или правите нешто со путер, прстенот може да ви падне во храната.
Премногу ја мешате храната
Освен ако во рецептот не е нагласено дека храната треба постојано да се меша, немојте да го правите тоа.
Мора да ѝ дадете време да се зготви.
Користите исто масло за сè
За разлика од сончогледовото, маслиновото масло има ниска точка на горење, па не е препорачливо да го користите за пржење, особено не за храна на која ѝ треба повеќе време да се зготви.
Но, маслиновото масло е многу подобра алтернатива за салати.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





