Ставате зачини на сува храна и уште 9 чести грешки при готвење со Air Fryer
Не го загревате, ставате зачини на сува храна и претерувате со маслото за јадење – кои се другите грешки што веројатно ги правите со вашиот Air Fryer?
Фритезата на топол воздух, попозната како Air Fryer, направи револуција во готвењето.
Изминативе неколку години ова е можеби најкупуваниот уред за готвење и веројатно не постои личност која се покајала што го купила.
Со овој уред не само што готвењето е полесно, туку и храната е поздрава бидејќи не треба да се користи многу масло како на шпорет или во рерна.
Но, бидејќи станува збор за производ кој се прослави во поново време, многу корисници прават некои грешки.
Дел од најчестите во продолжение:
Не го читате упатството за употреба
Иако станува збор за ист продукт, штом постојат неколку брендови што го произведуваат, очекувано е да има некои разлики.
Затоа, најпрвото нешто што треба да го направите е внимателно да го прочитате упатството за употреба на вашиот Air Fryer.
Не го загревате
Слично како рерната, треба да го загреете и вашиот Air Fryer. Доколку не го загреете, храната нема да се зготви рамномерно.
За помалите модели обично доволни се две-три минути, додека за поголемите – околу пет минути.
Времето потребно за загревање би требало да биде наведено во упатството за употреба – уште една причина да го прочитате.
Ставате многу масло за јадење
Приготвувањето храна во Air Fryer не е исто како на шпорет или рерна, па треба да користите минимална количина на масло.
За некои рецепти нема ни воопшто да ви треба масло.
Користите погрешно масло за јадење
Екстра девственото маслиново масло не е погодно за Air Fryer бидејќи има ниска точка на горење.
Ова значи дека маслото ќе почне да гори на пониска температура и ќе го промени вкусот на храната.
Најбезбедно ви е да користите сончогледово масло.
Ставате многу храна
Не треба да ја преполнувате корпата на уредот бидејќи ќе нема место за струење на топлиот воздух.
Поради ова, храната нема да се зготви рамномерно.
Уште пет грешки на следната страница...
Би можело да ве интересира:





