Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 едноставни трикови кои ќе ви заштедат многу време додека готвите

Паметно организирајте ја кујната, однапред подгответе ги состојките и пробајте да чистите додека готвите.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-01.jpg

Некогаш помислата дека готвењето ќе ни одземе многу време нè одвраќа од намерата сами да си направиме оброк.

Но, постојат многу трикови кои ќе ви помогнат да го скратите времето на готвење

Неколку од нив во продолжение:

Паметно организирајте ја кујната

Потрудете се секој сад и предмет во кујната да ви биде при рака кога ќе ви треба.

На пример, тавите и тенџерињата ставете ги во близина на шпоретот. Истото важи и за зачините што ги користите најчесто.

Ножевите и даската за сечење нека бидат што е можно поблиску до помошната маса и слично.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-02.jpg

Користете ги уредите ефикасно

На овој начин ќе заштедите време додека готвите, но и додека чистите.

На пример, рачниот блендер е одличен за правење крем-супи, сосови и слични рецепти.

Од друга страна, „обичниот“ блендер е многу поефикасен за смутија.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-03.jpg

Користете состојки што се приготвуваат брзо

Некогаш е подобро да замените некои свежи состојки со конзервирани или замрзнати.

Одличен пример за ова се доматите.

Ако правите сос за тестенини и користите свежи домати, прво ќе треба да ги измиете, па да ги исечете или изрендате, па дури потоа да ги ставите во тава. Истовремено, ќе треба и подолго време додека да се зготват.

Од друга страна, конзервираните домати имаат речиси ист вкус, а ќе ви ги преполоват обврските и времето на готвење.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-04.jpg

Читајте ги рецептите до крај пред да почнете со готвење

Мора да ги знаете сите чекори од некој рецепт пред да почнете да готвите.

Можеби, на пример, треба да чекате 10-тина минути да се загрее рерната или можеби некои состојки треба да отстојат на собна температура или ќе треба 4 часа да се замрзнува и слично.

Кога ќе ги знаете сите чекори, подобро ќе го организирате времето и готвењето ќе трае пократко.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-05.jpg

Исечете го месото на потенки парчиња

Можете значително да го скратите времето на готвење ако го исечете месото на потенки парчиња.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-06.jpg

Однапред подгответе ги сите состојки

Ако знаете што ќе јадете во наредните неколку денови, можете некои состојки да подготвите однапред.

На пример, исечете го зеленчукот и ставете го во добро затворен сад за храна. Потоа само додајте го во рецептот.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-07.jpg

Ставете капак врз тенџерето

Освен ако рецептот не нагласува дека тенџерето треба да биде отворено, секогаш ставајте го капакот.

Кога тенџерето е затворено, топлината од него нема да излегува и храната ќе се зготвени побрзо.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-08.jpg

Средувајте ја кујната додека готвите

Наместо да чекате до крај и да направите хаос во кујната кој ќе треба да го средувате барем половина час, пробајте да чистите додека готвите.

На пример, штом ќе го исечете зеленчукот, веднаш фрлете ги остатоците и измијте ја даската.

8-ednostavni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-mnogu-vreme-dodeka-gotvite-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Кои (позитивни) промени ќе ги забележите ако јадете побавно? Ќе ослабите, но и ќе си ја подобрите дигестијата – зошто треба да почнете да јад...
Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дру... „Ајде да готвиме заедно. Ќе спремиме три јадења“, беше предлогот на Давор, позна...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg