10 причини зошто не треба да се откажете од чоколадото (и како да го вметнете во здравата исхрана)

Одржувајте рамнотежа

И покрај придобивките, чоколадото сепак содржи шеќери и калории и не треба да го заборавите тоа.

Затоа, кога јадете чоколадо, потрудете се во текот на денот да направите рамнотежа и со здрав оброк.

10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-otkazhete-od-chokoladoto-i-kako-da-go-vmetnete-vo-zdravata-ishrana-07.jpg

Пијте какао

Ако сметате дека сте изеле многу чоколадо, но сепак размислувате за уште една коцка, зошто да не си направите шолја какао?

Нормално, вкусот се разликува, но овој пијалак колку-толку ќе ви ја задоволи желбата, а притоа е поздрав избор.

10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-otkazhete-od-chokoladoto-i-kako-da-go-vmetnete-vo-zdravata-ishrana-08.jpg

Слободно јадете чоколадо кога имате менструација

Добро познато е дека чоколадото го поттикнува ослободувањето ендорфин, серотонин и допамин.

А, ова може да ви биде од корист во деновите кога имате менструација и не се чувствувате најдобро.

Покрај тоа, истражувањата покажале дека темното чоколадо може дури и да ги намали менструалните болки.

10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-otkazhete-od-chokoladoto-i-kako-da-go-vmetnete-vo-zdravata-ishrana-09.jpg

Внимателно одбирајте ги чоколадните десерти

Чоколадните десерти можат да имаат и повеќе шеќер од чоколадото, па важно е да го направите вистинскиот избор.

На пример, секогаш е подобро да изедете мало „брауни“ колаче отколку мафин со шлаг.

Исто така, можете да додадете чоколадо во овесна каша или да направите овошна салата со чоколаден прелив.

На овој начин ќе ја задоволите желбата за чоколадо, а сепак нема да претерате.

10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-otkazhete-od-chokoladoto-i-kako-da-go-vmetnete-vo-zdravata-ishrana-10.jpg

Што ако имате дијабетес?

Ако имате дијабетес, изборот може да ви биде ограничен кога станува збор за чоколадо.

Некои експерти сметаат дека лицата со дијабетес може да јадат квалитетно темно чоколадо.

Секако, задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да јадете темно чоколадо. Тој ќе ви каже дали е безбедно за вас, на кои состојки треба да обрнете внимание, како и дали постои некоја добра замена наменета за лица со дијабетес.

10-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-otkazhete-od-chokoladoto-i-kako-da-go-vmetnete-vo-zdravata-ishrana-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Јајца, путер - Како да откриете дали може да ја јадете храната што ви стои долго? Понекогаш, кога ќе го отворите фрижидерот или шкафчето во кое чувате храна, сфаќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg