Кулинарски грешки кои не треба да ги правите ако се сметате за експерт во кујна

Маринирате месо на собна температура

Ако го маринирате месото на собна температура, особено во лето, значително го зголемувате ризикот од развој на бактерии.

kulinarski-greshki-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-smetate-za-ekspert-vo-kujna-06.jpg

Користите сукало за тесто за пица

Ако користите сукало, тестото за пица ќе биде многу набиено и тврдо откако ќе го испечете.

Многу подобро е да го растегнете само со вашите раце.

kulinarski-greshki-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-smetate-za-ekspert-vo-kujna-07.jpg

Не го миете гравот од конзерва

Конзервираната храна е одлична за деновите кога не сте расположени за готвење. Но, кога станува збор за грав, препорачливо е да го измиете со студена вода.

Течноста во конзервата секако дека е безбедна за јадење, но може да го промени вкусот на гравот.

kulinarski-greshki-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-smetate-za-ekspert-vo-kujna-08.jpg

Правите дупчиња во колбасите пред да ги испржите

Ако направите дупчиња во колбасите, додека ги готвите од нив ќе излезат сите течности, па на крај ќе бидат суви.

kulinarski-greshki-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-smetate-za-ekspert-vo-kujna-09.jpg

Го фрлате маслото од конзервата со туна

Освен ако лекар не ви препорачал да намалите со внесувањето сол, нема потреба да го фрлате маслото од конзервата со туна.

Ова масло значително го подобрува вкусот на рибата.

kulinarski-greshki-koi-ne-treba-da-gi-pravite-ako-se-smetate-za-ekspert-vo-kujna-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg