Кулинарски грешки кои не треба да ги правите ако се сметате за експерт во кујна
Дали го маринирате месото на собна температура или ги печете компирите во алуминиумска фолија? Тогаш време е да престанете да ги правите овие грешки ако се сметате за експерт во кујна.
Сите правиме грешки во кујната, дури и ако се сметаме за вистински експерти.
Но, некогаш овие грешки имаат влијание врз вкусот на храната, а некогаш го зголемуваат и ризикот од развој на бактерии.
Кои кулинарски грешки е најдобро да ги избегнувате и зошто?
Ставате зачини директно од шишенцата
Кога ги ставате зачините директно од шишенцето, немате голема контрола и лесно можете да истурите повеќе. Ова, пак, секако дека ќе има влијание врз вкусот на храната.
Покрај тоа, кога ставате зачини додека готвите, пареата од тавата или тенџерето ќе се кондензира на шишенцето и ќе го навлажни. Поради ова може да се промени вкусот на зачинот, да се направат грутки, па дури и да се појави мувла.
Ги притискате плескавиците и ќофтињата додека ги приготвувате
Ако ги притискате плескавиците и ќофтињата додека ги пржите, само ќе им го расипете вкусот.
Со притискањето ќе ги истиснете течностите од нив, па месото нема да биде сочно.
Печете компири во алуминиумска фолија
Ако го ставите компирот во алуминиумска фолија, нема да добие крцкава кора. Поради фолијата, течноста од компирот нема да може да испари, па ќе биде како да сте го вареле.
Го варите оризот на многу висока температура и не го промешувате на крај
Додека го варите оризот, не треба да го промешувате.
Исто така, треба да го варите на потивок оган – во спротивно водата ќе испари многу брзо и оризот ќе се залепи.
Кога, пак, ќе се свари, промешајте го со виљушка за да го спречите лепењето.