10 навики во исхраната кои ги практикуваат Португалците за витка линија, младешки изглед и подобро здравје
Сакаат десерти со помалку калории
Pastel de nata е популарен португалски десерт кој има околу 300 калории на 100 грама. За споредба, повеќето торти имаат 400 калории во иста количина.
Можеби оваа разлика е мала, но ако сте личност која сака благо, дефинитивно ќе има влијание.
Па, заменете ги десертите со „полесни“ слатки и колачи кои немаат многу калории.
Често јадат во друштво
Некои истражувања покажале дека кога јадеме сами, поголема е веројатноста да внесеме повеќе калории.
Што значи, јадењето во друштво може да ѝ годи на вашата линија.
Додаваат цимет во многу десерти и пијалаци
Циметот не само што има одлична арома, туку може да го потисне апетитот.
Јадат леб од пченкарно брашно
Пченкарниот леб има многу помалку калории, а е одличен и ако избегнувате глутен.
Едноставно, уживаат во храната
За да го избегнете прејадувањето, многу е важно целосно да му се посветите на оброкот. Односно, избегнувајте да јадете пред телевизор бидејќи несвесно можете да изедете многу повеќе храна.
Наместо тоа, јадењето нека ви биде како ритуал и вистински уживајте во секој залак.
Спирова С. | Црнобело