10 навики во исхраната кои ги практикуваат Португалците за витка линија, младешки изглед и подобро здравје
Наместо целосно да се откажете од благото, пробајте да ги замените тортите и чоколадото со десерти со помалку калории.
Дебелината не претставува проблем само во изгледот, туку може да бидат причина и за низа здравствени проблеми.
Што значи, ако сакаме да го подобриме здравјето, мораме да ја регулираме и тежината.
Португалците важат за еден од најздравите народи не само во Европа, туку и во светот, па сигурно можеме да научиме нешто од нив кога станува збор за здрава исхрана.
10 лекции што можеме да ги научиме од Португалците:
Ѝ даваат предност на медитеранската исхрана
Медитеранската исхрана вклучува многу овошје и зеленчук, интегрален леб, јајца и млечни продукти со ниска масленост. Исто така, вклучува и морска храна барем двапати неделно.
Поради ова, медитеранскиот начин на исхрана се смета за еден од најздравите, а Португалците со задоволство го следат.
Со овој начин на исхрана ќе ги внесете сите потребни хранливи материи, а притоа ќе ја избегнувате калоричната и храната со јаглехидрати, па по неколку месеци ќе се ослободите од вишокот килограми.
Јадат петпати дневно
Добро познат факт е дека помалите, а почести оброци се многу подобри и за дигестивниот систем, но и за одржувањето на тежината.
Јадат многу ориз
Португалците се народ кој консумира можеби најмногу ориз во Европа. Тие го користат оризот како основа за многу јадења, но и за десерти.
Оризот е одлична намирница бидејќи ја подобрува дигестијата, ќе ве држи сити и содржи многу хранливи материи.
Покрај тоа, оризот има и малку калории, а лесно можете да го вметнете во секакви јадења.
Пијат многу кафе
Португалците навистина пијат многу кафе, а се верува дека овој пијалак може да го поттикне слабеењето.
Кафето го забрзува метаболизмот, го намалува апетитот и го поттикнува согорувањето на мастите.
Секако, не треба и да претерате за да не почувствувате негативни ефекти од кофеинот.
Сакаат супи
Домашно направените супи се одлично предјадење бидејќи ќе ве заситат, па нема да изедете многу друга храна.
Покрај тоа, тие се богати со витамини и минерали и имаат многу ниска калорична вредност.