Што ќе се случи ако почнете редовно да пиете сок од домати + како да го направите?
Намалениот крвен притисок, здравата коса и намалениот ризик од појава на изгореници од сонце се само дел од придобивките од редовното пиење сок од домати.
Веќе е добро познат факт дека природните сокови се добри за нашето здравје, но за да ги почувствувате овие придобивки нема потреба да правите комплицирани сокови со безброј состојки.
Сокот од домати содржи многу хранливи материи, витамини и минерали кои имаат позитивно влијание врз целокупното здравје доколку го пиете неколкупати неделно.
За кои придобивки станува збор?
Го поттикнува здравјето на кожата
Доматите, а со тоа и сокот од домати, можат да бидат одлични за кожата. Доматите содржат ликопен – состојка која го спречува појавувањето на брчки и депигментација на кожата.
Истражувањата покажале и дека редовното пиење сок од домати може да го намали ризикот од изгореници од сонце.
Ја зголемува плодноста кај мажите
И во овој случај придобивките доаѓаат од ликопенот. Според истражувањата, оваа состојка ја го подобрува квалитетот на спермата, а со тоа ја зголемува плодноста кај мажите (секако, ова не гарантира плодност, но ја зголемува можноста).
Ја подобрува дигестијата
Сокот од домати е добар за дигестивниот систем, а истражувањата покажале дека може да ја спречи и појавата на констипација, особено ако во него додадете и сок од спанаќ.
Сокот од домати може да ја спречи и појавата на дијареја, како и разни болести на дигестивниот систем.
Добар е за срцето
Сокот од домати содржи калиум и витамини Ц и Е. Според истражувањата, овие состојки, заедно со ликопенот, можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести и инфаркт.
Го регулира крвниот притисок
Според истражувањата, редовното пиење сок од домати може да го намали и регулира крвниот притисок во рок од една година.
Сокот од домати го регулира и нивото на лошиот холестерол во крвта кој е една од најчестите причини за проблеми со срцето.