Чести грешки во готвењето што целосно го менуваат вкусот на храната без да знаете
Не го миете зеленчукот со студена вода откако ќе го сварите
Кога варите брокула, моркови, карфиол и слично (или кога ги приготвувате на пареа), добро би било и да ги измиете со студена вода на крај.
Студената вода веднаш ќе го сопре процесот на варење, односно ќе го спречи делувањето на одредени ензими кои можат да влијаат врз вкусот на зеленчукот.
Ја преполнувате тавата кога пржите печурки
Кога пржите печурки никогаш не треба да ја преполнувате тавата.
Печурките испуштаат многу вода, па потребен е простор за целата течност да испари.
Ако ја преполните тавата, печурките нема да ја добијат посакуваната нијанса, а ќе им се промени и вкусот.
Ставате сол во кајганата пред пржење
За подобар вкус и поубава текстура, препорачливо е да ставите сол во кајганата откако ќе завршите со пржење.
Ова е совет од самиот Гордон Ремзи, кој смета дека овој чекор е најважен, па сигурно можеме да му веруваме.
Правите пржени лепчиња со свеж леб
Пржените лепчиња ќе имаат многу подобар вкус ако ги направите со постар леб бидејќи подобро ќе ја впие смесата со јајца за разлика од свежиот.
Спирова С. | Црнобело