Месо, тестенини: Совети кои ако ги примените ќе готвите како професионалец (иако сте аматери во кујната)
Ако готвењето не ви е силна страна, а сепак имате желба да направите нешто спектакуларно со храната, тогаш треба да научите неколку клучни совети и трикови.
Секогаш треба да ги знаете напамет овие трикови за секој рецепт да излезе совршено:
Сол
Многу луѓе додаваат сол во рецептите кога храната се чини блуткава, без да размислат дека можеби недостасува малку киселина – лимон или оцет.
Ако додадете пак неколку зрна сол во благите рецепти, ќе го истакнете нивниот вкус.
Секогаш додавајте сол во водата во која варите тестенини.
Кромид и лук
Не ги додавајте кромидот и лукот во јадењето истовремено. На кромидот му требаат 8 минути за да се зготви, додека на лукот само 30-тина секунди.
Интензитетот на лукот во храна зависи од тоа кога ќе го додадете – ако го додадете на почетокот од готвењето, ќе има полесна арома, а ако го додадете при самиот крај – ќе има посилна арома.
Виолетовиот кромид се служи исклучиво со ладни рецепти или на собна температура, никогаш не се готви.
Компири
Ако додадете оцет во водата во која се варат компирите, никогаш нема целосно да се сварат.
Кога правите пире, ставете 2-3 чешниња лук во садот додека пирето е топло. По неколку минути ќе омекнат и ќе може да ги изгмечите заедно со компирите.
Никогаш не ги ставајте компирите во блендер. Ако сакате да ги изгмечите, правете го тоа рачно.
Зачини
Кога ставате големи парчиња зачини, прво замотајте ги во парче газа, за потоа да не ги „бркате“ низ тенџерето.
Кога сакате да испржите нешто вкусно, покрај масло или путер, стаете малку зачини во тавчето на почетокот.
Пржење
Кога пржите или готвите, не користете маслиново масло. Тоа се користи исклучиво за ладни салати.
Пржењето во сусамово масло му дава на оброкот лесен шмек.
При пржење, не ставајте многу храна во тавчето. Доволно е да наредите само еден ред.
Идеалното пржење на печурките трае точно 6 минути, на загреана плотна.
Месо
Кога пржите парче месо, дајте му време да отстои по пржењето. Би требало да отстои половина од времето кое ви било потребно за пржење, односно ако сте го пржеле или печеле 12 минути, треба да отстои 6 минути пред да го послужите.
Виткањето на месото во сланина е најлесниот начин да додадете арома на секој ручек.
Сосови
За добар сос за тестенини, треба да користите малку од водата во која се вареле.
Соја сосот не се додава само во азиската храна. Пробајте да го додадете во пржените јајца или на крајот од пржењето на карамелизираниот кромид. Со него многу рецепти ќе добијат нов вкус.
М. Д. | Црнобело