Храна со „негативни калории“ – одлична за оние кои сакаат да ослабат
За некои намирници се вели дека имаат „негативни калории“ бидејќи за нивната дигестија, организмот троши речиси ист број калории колку што има во нив.
Кога сакаат да ослабат, повеќето луѓе се фокусираат на калориите што ги внесуваат во текот на денот, односно се обидуваат да го намалат нивниот број. Ова е одличен пристап бидејќи за да ослабите, треба да согорите повеќе калории отколку што ќе внесете.
Во просек, за да ја одржат оптималната тежина, жените би требало да внесуваат околу 2.000 калории дневно, а мажите околу 2.500. Причината за ова е едноставна – на телото му се потребни толку калории за да може да си ги изврши сите функции.
Ако сакате да ослабете, нутриционистите советуваат да го намалите сегашниот број на калории за околу 500.
Но дали сте слушнале за храна со „негативни калории“? За некои намирници се вели дека имаат таканаречени негативни калории, бидејќи организмот троши скоро исто калории за нивна дигестија колку што има во нив.
Според ова, кога ги јадете овие намирници, во организмот ќе останат помалку калории отколку што сте внеле, па тие се одличен избор ако се обидувате да ослабете.
Во оваа категорија спаѓаат овошја и зеленчуци кои содржат висок процент вода, а во продолжение можете да погледнете неколку од нив:
Аспарагус
За да ги почувствувате придобивките од „негативните калории“, најдобро е да не го приготвувате аспарагусот со масло, туку обарете го во вода или испечете го.
Модар домат
Модриот домат е одличен за оброци со малку масти. И во овој случај, најдобро избегнувајте да го пржите. Наместо тоа можете да го испечете во рерна со многу малку масло или да го приготвите на скара.
Пиперки
Покрај малиот број калории, пиперките се богати и со витамин Ц, па се одличен додаток за секој оброк.
Шери домати
Шери доматите имаат помалку шеќери од „обичните“ домати, а се полни со витамини и имаат „негативни калории“.
Цвекло
Цвеклото можете да го консумирате свежо во салата со друга комбинација и само салата од цвекло.
Брокула
Најдобриот начин да ја приготвите брокулата е да ја обарите. На овој начин ќе ги задржи хранливите материи, а притоа нема потреба да додавате масло.