Што треба да јадете кога постите за да го задржите доброто здравје?

Постот е исклучително здрав за телото, но само ако се јадат здрави и балансирани оброци.

3-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-ako-postite001.jpg

Постот на вода или постот на масло често знаат да нè збунат околу тоа што да јадеме, а да останеме сити и здрави.

Нутриционистите советуваат дека во постењето клучни се 3 намирници кои треба да ги внесувате.

Се работи за одредени видови зеленчук, риба и ориз.

3-namirnici-koi-mora-da-gi-jadete-ako-postite-2.jpg

Кога го планирате оброкот, мора да ја гледате пошироката слика. Односно, тој мора да содржи здрав јаглехидрат, протеин и зеленчук.

Тоа може да биде интегрален ориз, кој е јаглехидрат со ниско ниво на шеќер. Потоа, масна риба како што е скушата, и прокељ како доза зеленчук.

За јаглехидрати може да ги искористите и мешунките, како грав, леќа и грашок или како „база“ на оброкот да искористите тиква, компири, цвекло или моркови.

Протеините се веќе содржани во погоре споменатите мешунки и во рибата, но и во намазот од наут - хумусот. Протеините може да ги внесете и во облик на јаткасти плодови, соја или семки. Авокадото е уште еден добар избор.

3-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-ako-postite-4.jpeg

За зеленчуците нема никакви ограничувања.

За десерт, може нешто природно слатко, без додаден шеќер - се препорачуваат бобинки, кои може да бидат свежи или замрзнати, грејпфрут или портокал, киви...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg