Намалува видливост на брчки, антивоспалително својство и уште 5 причини зошто почесто да користите цимет
Некогаш циметот бил луксуз, но денес ни е достапен на сите и го има во речиси секој дом. А, покрај тоа што им го подобрува вкусот на многу јадења, циметот е одличен и за вашето здравје.
Кога го консумирате, циметот има позитивно влијание врз многу органи, а можете да го користите и како маска за подобрување на здравјето на кожата.
Погледнете зошто треба да користите цимет почесто:
Може да ја намали појавата на акни
Циметот има антивоспалителни и антибактериски својства кои помагаат во третманот против акни. За да ги почувствувате придобивките, можете да си направите маска од мед и малку цимет. Нанесете ја маската на лицето, оставете да отстои 10-тина минути и исплакнете со вода.
Ја намалува видливоста на брчките
Слободните радикали можат да бидат причина за појава на брчки и секакви проблеми со кожата. Циметот, пак, е извор на антиоксиданти кои го штитат телото од слободните радикали, со тоа правејќи вашата кожа да изгледа подобро и посвежо.
Некои истражувања покажале дека циметот може да го поттикне и лачењето колаген.
Го изедначува тенот
Циметот ја подобрува и циркулацијата на крвта, а со тоа кожата добива повеќе кислород и изгледа многу подобро. Истовремено, циметот има состојка позната како астрингент, која ја чисти и затегнува кожата.
Антивоспалителни својства
Веќе напоменавме дека циметот има антивоспалителни својства, кои се корисни за целиот организам, не само кожата. Некои истражувања покажале дека поради овие својства, циметот може да ги намали и отоците на нозете.
Добар е за срцето
Според едно истражување, циметот може да биде добар и здравјето на срцето. Во истражувањето се покажало дека циметот ги намалува несаканите ефекти кои доаѓаат со исхраната богата со масти, вклучувајќи ги и проблемите со срцето.
Помага во слабеењето
Бидејќи циметот е богат со хранливи влакна, може да ви помогне да го контролирате апетитот. Истовремено, тој го забрзува и метаболизмот – нешто што е важно при процесот на слабеење.
Подобра меморија
Циметот може да го забави стареењето на мозокот, а има позитивно влијание и врз делот одговорен за сеќавањето. Кај истражувањата се покажало дека екстрактот од цимет може да ги ублажи симптомите на Алцхајмер, но потребни се дополнителни истражувања за влијанието кај луѓето со оваа болест.
Спирова С. | Црнобело