Како да го ублажите ефектот на лутата храна?
Ако по грешка сте каснале малку повеќе луто од тоа што сакате, тогаш овие совети ќе ви бидат од голема корист.
Што го појачува, а што го ублажува ефектот на лутата храна?
Вода
Пиењето вода откако сте изеле нешто луто е природна реакција во моментот кога мислите дека устата ви гори. Но, иако водата е привремено решение, всушност течноста само го разнесува лутиот вкус низ устата и го одолговлекува целиот процес.
Млеко и јогурт
Млекото и јогуртот содржат протеин кој помага при лутината, а колку е повисок процентот на млечни масти – толку побрзо ќе се намали чувството на топлина во устата.
Алкохол
Алкохолот би можел да биде од помош, но процентот на алкохол во пијалакот мора да биде висок. Текилата и вотката докажано делуваат против лутината, меѓутоа испивањето по 1-2 голтки на секое луто залче не е најпаметна идеја.
Шеќер
Наједноставниот начин на кој можете да ја оладите устата е да каснете лажичка шеќер или мед. Држете неколку секунди и потоа исплакнете.
Скроб
Оризот и лебот делуваат буквално како крпа која ги впива лутите вкусови од устата.
Сладолед
Сладоледот е идеална мешавиња на млеко, шеќер и масти, што го прави идеален откако ќе се излутите.
М. Д. | Црнобело