Како да го подобрите сексуалниот живот со помош на храна?
Можеби моќта на афродизијаците не е толку голема, но храната дефинитивно има влијание врз сексуалниот живот.
Некои луѓе веруваат дека храната има влијание врз нивното либидо, но важно е да знаете дека тврдењата за неверојатната моќ на афродизијаците не се секогаш поткрепени од науката.
Од друга страна, либидото зависи од вашето психичко и физичко здравје, а начинот на исхрана има голема улога во ова. Што значи, правилната исхрана, во комбинација со физичка активност, можеби нема да направи чуда, но сигурно ќе ви го подобри сексуалниот живот.
Здравиот сексуален живот зависи од добрата исхрана
Според експертите, хормоналната рамнотежа и непрекинатиот доток на крв во областа на карлицата се неопходни за вашиот сексуален перформанс. За ова, од помош ќе ви биде храна со сложени јаглехидрати и храна од цело зрно, заедно со многу овошје и зеленчук.
Истовремено, се покажало дека храната богата со флавоноиди ја подобрува ерекцијата кај мажите. Во оваа група спаѓаат продукти како боровинки, јагоди, цреши, грозје, јаболка и цитрусно овошје.
Витамин Е
Истражување од 2019-та покажало дека храната богата со витамин Е им била од помош на мажите кои имаат проблеми со ерекцијата.
Според тимот, за здраво либидо потребна е хормонална рамнотежа, за која, пак, се потребни здрави масти и витамин Е. Имено, ако на организмот му недостасува витамин Е, најверојатно ќе има проблеми со дигестијата или апсорбирањето на мастите, а ова може да има влијание врз сексуалниот перформанс.
Железо
Понекогаш паричната за ниското либидо може да биде и ниското ниво на енергија. Овој замор, пак, неретко е предизвикани од недостаток на железо во крвта.
Затоа, експертите веруваат дека исхраната која содржи риба, месо, јаткасти плодови, зелен лиснат зеленчук и општо, храна богата со железо, може да помогне во сексуалниот перформанс.
Цинк
Сигурно сте слушнале дека школките се моќен афродизијак, а причината за ова верување е тоа што се богати со цинк. Цинкот е поврзан со сексуалната функција, но допрва треба да се истражува на оваа тема.
Некои истражувања покажале дека цинкот е неопходен за женската плодност. Едно истражување покажало и дека цинкот можеби го подобрува сексуалниот перформанс, но истражувањето било направено на машки глувци, па не се знае точниот ефект врз луѓето.
Покрај школките, добар извор на цинк се јаткастите плодови, некои видови морска храна, млечни производи, пилешко и црвено месо.
Алкохол и цигари
Веројатно сте забележале дека алкохолот има влијание врз вашиот сексуален перформанс. Алкохолот можеби ќе ја зголеми желбата за секс, но претераното пиење ќе ви предизвика и проблеми со ерекцијата.
Никотинот од цигарите, пак, е непријател на артериите, вклучувајќи ги и оние во пенисот, па може да предизвика проблеми со ерекцијата.
Заситени масти
Веројатно знаете дека заситените масти го зголемуваат холестеролот и таложењето масти на крвните садови околу срцето. Но, ако претерувате со ваква храна, овие таложење масти може да се случи и околу крвните садови на пенисот.
Истовремено, лошата исхрана влијае и врз нивото на тестостерон, а ова може да предизвика проблеми во сексуалниот живот.
Спирова С. | Црнобело