Рестриктивна диета vs. здрава исхрана: Кои се разликите и што е подобро?

Ако некогаш сте се обиделе да ослабите, тогаш јасно ви е колку е тешко да ја задржите новата тежина.

restriktivna-dieta-vs-zdrava-ishrana-koja-e-razlikata-i-shto-e-podobro-01.jpg

Проблемот е што за оваа цел, најверојатно сте пробале некоја диета која ви дала брзи резултати кои, за жал, не траат долго.

Од друга страна, ако целосно ги промените навиките за исхрана, без држење диети, слабеењето сигурно ќе биде трајно.

Па, што е всушност разликата помеѓу рестриктивните диети и здравиот начин на исхрана?

Брзо слабеење vs. бавно, но сигурно слабеење

Луѓето настојуваат да ослабат многу побрзо кога одеднаш ќе почнат со рестриктивна диета. Токму и поради тоа многумина веруваат дека повеќето диети се ефикасни. Елиминирањето цела група храна обично резултира со намален внес на калории, но при држењето диети се намалува и нивото на водата во телото. Ова се причините што брзо гледате резултати.

Но, штом ќе му се вратите на стариот начин на исхрана, наеднаш ќе ги зголемите порциите и слабеењето престанува, па дури постои веројатно да ги вратите килограмите.

Од друга страна, здравиот начин на исхрана ќе предизвика побавно слабеење, но најверојатно трајно.

Кога ќе научите постојано да ги контролирате порциите и кога ќе почнете да консумирате повеќе здрава храна, ќе се намали и вишокот килограми. А, бидејќи најверојатно ќе продолжите со овој начин на исхрана, килограмите нема да се вратат.

Правила vs. едуцирање

Диетите бараат да следите строги правила – што можете и што не можете да јадете, колку оброци во денот и слично.

Додека ги следите правилата можеби ќе забележите резултати, но, како што напоменавме, штом ќе престанете со диетата, килограмите најверојатно ќе се вратат.

restriktivna-dieta-vs-zdrava-ishrana-koja-e-razlikata-i-shto-e-podobro-02.jpg

Здравиот начин на исхрана, пак, бара едуцирање – која храна е добра за вас, како да ги внесете сите потребни хранливи материи, која храна има многу маснотии, а која многу калории…

Кога ќе ги научите овие нешта, многу лесно ќе ги примените и ќе станат дел од вашиот начин на живот. Поради тоа, килограмите нема да се вратат.

Слабеење vs. здравје

Повеќето диети се фокусираат само на слабеењето, но не и на вашето здравје.

Кога од исхраната ќе исфрлите цела група намирници, на вашето тело сигурно ќе му недостасуваат некои хранливи материи. Ова може да предизвика цела низа проблеми, како главоболки, замор, променливо расположение и слично.

Но, со здравиот начин на исхрана нема да се откажете од никоја храна и вашето тело нема да се соочи со недостаток од хранливи материи.

Истовремено, кога се храните здраво, еднаш-двапати неделно можете да се почастите и со пица или слично.

Воглавно, ако сакате да ослабите и да ја задржите новата фигура, подобро целосно променете го начинот на исхрана отколку да држите диети.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најчестите грешки при готвење со Air Fryer (со кои го уништувате апаратот) Апаратот нема доволно проток на воздух, внатре ставате влажна храна и не го чист...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg