Здрава храна што треба да ја јадете умерено
Цвекло
Цвеклото е одличен извор на витамини и минерали. Сепак, некои негови состојки телото ги претвора во нитросамин, кој се наоѓа и во месото. Нитросаминот, пак, се верува дека го зголемува ризикот од одредени болести, па препорачливо е да не го комбинирате цвеклото со црвено месо.
Морски алги
Морските алги се одлични за веганите и вегетаријанците бидејќи се богати со витамин Б12. Но, тие содржат и многу јод, кој во големо количество може да предизвика одредени здравствени проблеми.
Соја и продукти од соја
И сојата е одлична за луѓето кои избегнуваат месо, но не треба да претерувате и со неа.
Иако не постојат доволно истражувања на оваа тема, според некои експерти,сојата може да има лошо влијание доколу се комбинира со лекови за хипотироидизам. Па, добро би било да внимавате.
Чиа
Чиа семето има омега-3 масни киселини, но според некои истражувања, овие киселини се потешки за апсорбирање за разлика од оние во лососот. Истовремено, за да внесете исто количество омега-3 масни киселини како од една порција лосос, ќе треба да изедете 100 грама чиа.
Проблемот е што 100 грама чиа семе има околу 500 калории – речиси колку еден хамбургер.
Ова не значи дека горенаведените продукти ќе предизвикаат разни болести или здравствени проблеми. Едноставно, како со секоја храна, бидете умерени и со нив. Доколку сепак се двоумите за што било, лекарот или нутриционистот ќе може да одговори на сите ваши прашања.
Спирова С. | Црнобело