Лимонов сок наместо сол, лупење домати со врела вода - Кои кулинарски трикови се навистина ефикасни, а кои не?
Брзо лупење лук
Совет: Ако треба да излупите поголемо количество лук, чешнињата накиснете ги во студена вода, околу половина час.
На овој начин се отстрануваат и најтенките слоеви лушпа, па овој трик е одличен.
Проверете го месото со помош на дланката
Совет: За да одредите колку е печено месото, поставете ги прстите како на сликата. Потоа допрете го „перничето“ под палецот, а потоа и месото. Ако ви изгледа дека се со иста цврстина, тогаш месото е печено.
Можеби овој трик е ефикасен, но потребно ви е искуство. Првите 2-3 пати ќе ви биде тешко да одредите дали месото и дланката се „исти“, но потоа не би требало да имате проблем.
Брзо сечкање кромид
Совет: За брзо и ефикасно сечкање на кромидот, поделете го на два дела. Потоа направете неколку паралелни засеци (жолтите линии на фотографијата), а потоа исечкајте по црвените линии.
Овој метод е одличен и можат да го користат и почетници, најмногу бидејќи не се потребни никакви вештини со нож.
Киснење на пилешкото пред печење
Совет: Ако сакате меко и сочно пилешко, киснете го 8-12 часа во солен раствор пред да го печете.
Пилешкото месо приготвено на овој начин е посочно и помеко од вообичаено.
Совршен ориз
Совет: Гответе го оризот 15 минути на тивок оган и не го тргајте капакот. Соодносот на ориз и вода треба да биде 1:1,5.
За жал, овој трик не функционира. Оризот не е доволно варен, а можеби ќе треба да додадете и повеќе вода. Можеби ова би функционирало со интегрален ориз, или со повеќе вода и подолго време на готвење.
Острење нож со чинија
Совет: Ако немате алат за острење нож, можете да го наострите од долниот раб на чинијата.
И ова е трик што не функционира, најмногу бидејќи е тешко да најдете чинија со погоден раб. Истовремено, звукот е навистина не пријатен, а и најверојатно ќе ги оштетите и ножот, и чинијата.
Спирова С. | Црнобело