10-те најздрави зеленчукови плодови и нивните придобивки
6. Црвена зелка
Црвената зелка е богата со антоцијани, група на растителни соединенија кои придонесуваат за нејзината посебна боја, како и за целата низа на здравствени придобивки.
Една чинија (89 грама) сурова црвена зелка содржи 2 грама хранливи влакна, како и 85% од дневните потреби за витамин Ц.
Американска студија откри дека екстрактот од црвена зелка е во можност да спречи зголемување на нивото на холестерол во крвта и да го спречи оштетувањето на срцето и црниот дроб.
7. Сладок компир
Слатките компири се издвојуваат поради нивната живописна портокалова боја, слаткиот вкус и импресивните здравствени придобивки.
Еден среден сладок компир содржи 4 грама растителни влакна, 2 грама протеини и добра количина витамин Ц, витамин Б6, калиум и манган.
Исто така, тој е богат со провитамин А, наречен и бета-каротин. Всушност, еден сладок компир исполнува 283% од вашите дневни потреби за витамин А.
8. Пиперка
Не е важно дали станува збор за црвени, зелени или жолти, пиперките се богати со многу хранливи состојки кои помагаат при работата на срцето, како што се ликопен и фолна киселина.
Неодамнешни истражувања покажаа дека консумирањето пиперки на дневна основа значително го намалува ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево, мочниот меур и панкреасот.
9. Ротквица
Ротквиците се богати со витамини и фолна киселина. Витамините се одлични за кожни заболувања и ја подобруваат функционалноста на црниот дроб и жолчното ќесе.
100g ротквица содржи 233 mg калиум, 39 mg натриум, 3,4 g јаглехидрати, 1,6 g хранливи влакна и 0,7 g протеини.
Како и повеќето зеленчуци, ротквиците исто така го намалуваат холестеролот и се добри за крвта и срцето.
Ротквиците имаат многу придобивки, но влијанието врз имунолошкиот систем е една од најважните.
Со јадење половина чинија ротквици на ден, во салата или самостојно, ќе внесете 15% од препорачаната дневна доза на витамин Ц.
10. Брокула
Повеќето истражувачи се согласуваат дека ретко кој зеленчук може да се мери со брокулата.
Оваа зелена билка е преполна со антиоксиданти кои помагаат да се намали ризикот од рак на желудникот, белите дробови и дебелото црево.
Бидејќи брокулата е богата со бета-каротин и витамин Ц, исто така е многу добра во борбата против настинки и грип.
Мила М. | Црнобело