Препорака од Кортни Кардашијан: Храна што го забавува стареењето
Бобинки
Бобинките содржат полифеноли, еден вид антиоксиданти кои го забавуваат стареењето.
Овие антиоксиданти се справуваат со штетата од стресот и слободните радикали.
Авокадо
И авокадото е храна богата со омега 3 масни киселини.
Покрај тоа што ја подобруваат состојбата на кожата, омега 3 масните киселини го намалуваат ризикот од болести поврзани со староста, како деменција, срцеви заболувања, па дури и артритис.
Сирење и кашкавал
Сирењето и кашкавалот содржат Л-карнитин, антиоксиданс кој е важен за мозокот, ги намалува воспаленијата и го подобрува крвотокот.
Покрај сирењето и кашкавалот, оваа супстанца се наоѓа и во месото и рибата.
Бадеми
Цинкот помага во одржувањето на имунитетот и го подобрува изгледот на косата, ноктите и кожата. Бадемите се намирница богата со цинк, а можете да ги консумирате сирови, печени или како млеко од бадем.
Спирова С. | Црнобело