Препорака од Кортни Кардашијан: Храна што го забавува стареењето
Кортни Кардашијан има 40 години, но дефинитивно изгледа цела деценија помладо.
Покрај разните третмани за убавина, за младешкиот изглед на Кортни задолжен е и нејзиниот начин на исхрана.
Кортни „се колне“ во овие намирници и смета дека се најдобри во борбата против стареењето.
Па, ако сакате да го подобрите вашиот изглед, но и вашето здравје, внесете ја оваа храна во вашето мени.
Супа од коски
Кортни внесува колаген пептиди два пати во денот со помош на додатоци во исхраната. Колагенот е супстанца која има аминокиселини, кои ја подобруваат структурата на кожата и ги зајакнуваат коските, мускулите и сврзното ткиво.
Можете да додадете колаген во вашата исхрана со супа од коски.
Семиња и путер од семиња
Семките од тиква и сончоглед, како и путерот од семиња, содржат големо количество омега 3 масни киселини и антиоксиданти. Овие супстанци го забавуваат стареењето.
Лосос
Лососот е омилената храна на Кортни додека е на кето диета, а оваа риба има изобилство од омега 3 масни киселини.
Овие масни киселини ја одржуваат кожата мазна.