5 здрави намирници кои не треба да ги консумираме пречесто
Повеќе од две раце ореви на ден или една конзерва туна неделно можат да направат повеќе штета отколку добро, предупредуваат нутриционистите.
Честопати мислиме дека не можеме да претераме со здрава храна, но нутриционистите предупредуваат дека тоа не е точно.
Храната што содржи изобилство на витамини и минерали може да содржи премногу сол, маснотии, па дури и жива.
Ова се 5 здрави намирници кои не треба да ги јадеме толку често:
Конзервирана туна
Рибата е одлична алтернатива на месото. Поради високите цени и бурниот распоред често немаме време да купиме свежа риба, па конзервирана храна изгледа како практична алтернатива.
Не треба да се претерува со конзервирана туна, бидејќи можеме да внесеме премногу штетна жива во организмот. Не се препорачува повеќе од една конзерва неделно.
Јаткасти плодови
Бадеми, индиски ореви, ореви и лешници се корисни, бидејќи содржат здрави маснотии што го одржуваат срцето во форма. Но истите содржат и многу калории.
Сто грама бадеми имаат дури 577 калории, а околу 12 ореви имаат околу 100 калории. Доволно е да се консумираат најмногу две шаки ореви на ден.
Сирење
Сирењето е одличен извор на протеини и калциум, ги зајакнува коските и срцето, но доколку претерате ќе си направите повеќе штета отколку добро. Некои видови сирење, како што се рокефорт или халуми, содржат повеќе сол од морската вода! Секако, тоа не значи целосно да го исклучите од исхраната, само да го јадете умерено.
Цвекло
Цвеклото нé штити од болести и е одличен извор на растителни влакна, фолна киселина, бета-каротен и железо. Јаглехидратите содржани во цвеклото кај некои луѓе предизвикуваат гасови, грчеви и болки во стомакот, особено ако страдаат од синдром на нервозно црево.
Зелен чај
Моќниот антиоксиданс кој штити од срцеви заболувања, карцином и блокади на крвните садови не треба да се пие во неограничени количини. Причината е танинот кој може да му попречи на апсорпцијата на железото.
Ако забележите дека сте послаби или поуморни од вообичаеното, престанете со консумација на зелениот чај.
Ашера | Црнобело