Совети со кои палачинките секогаш ќе бидат меки и сочни
Веројатно не постои личност која не сака палачинки. Но неретко, на сите ни недостасува мотивација кога треба да ги направиме.
За среќа, постои навистина едноставен рецепт за кој ви се потребни шолја и овие состојки:
- 1 шолја млеко
- 1 шолја брашно
- 1 јајце
- Прстофат сол
- 1 лажица масло (за пржење)
- 1 лажица шеќер (доколку сакате благи палачинки)
Начин на подготовка
Во сад измешајте ги млекото, брашното и солта. На крај додајте едно јајце и добро промешајте. Важно е да знаете дека ако прво го ставите јајцето, постои поголема можност да се направат грутки.
На тава за пржење ставете масло и загрејте го. Ставете од тестото во тавата и пржете ја палачинката на среден оган. Палачинките треба да имаат златно-жолта боја.
Совети за меки палачинки со поголем волумен
1. Доколку сакате палачинките да имаат поголем волумен, во тестото додајте 1 лажица сода бикарбона или прашок за печиво.
2. Исто така, можете да ги одделите белките и жолчките. Прво додајте ги жолчките во тестото, а белките изматете ги и додајте ги на крај.
Торта од палачинки
Можете да направите и многу едноставна торта со палачинки.
Едноставно, наредете ги една врз друга и помеѓу нив ставете крем, овошје, чиа семе, или што било што ви се допаѓа.
Вегански палачинки
Доколку сакате да направите вегански палачинки, тогаш можете да ставите млеко од соја, бадем и слично, а наместо јајце, ставете банана.
Палачинките пржете ги со растително масло или маргарин.
Ладни палачинки
Доколку сте направиле премногу палачинки, можете да ги јадете и неколку дена подоцна. Во фрижидер, палачинките ќе траат еден до два дена.
Додека се ладни, палачинките се одлични во комбинација со чаден лосос и ароматично свежо сирење.
Спирова С. | Црнобело