Најдобрата есенска храна за губење на тежината и одржување на линијата
Со преминот од една сезона во друга, не само што се менува температурата, туку и понудата на храната.
Есента е повеќе од обилна во таа смисла. Убавите сочни, ароматични плодови во светли бои и богати ароми, ќе го загреат вашето тело и душа за време на мрачните есенски денови, но исто така ќе ви помогнат да ја зачувате вашата линија или да изгубите тежина.
Храна која треба да ја јадете почесто во есен:
Јаболкa
Јаболкото содржи големи количини на влакна - хранливи материи кои даваат чувство на ситост и помагаат во варење на храната. Покрај тоа, со консумирање на јаболка, во вашето тело внесувате антиоксиданти, кои се многу важни во спречување на карцином.
Круши
Како и јаболкото, крушите се одличен извор на растителни влакна. Ако јадете една круша на ден, ќе внесете четвртина од дневните потреби на влакната.
Тикви
Свежата тиква е полна со растителни влакна и бета-каротен. Можете да ја консумирате на најразлични начини - печена, како пире, пита, конзервирана или свежа. За уште побогат вкус, додадете зачини како цимет или кари.
Цвекло
Нитратите што се наоѓаат во цвеклото можат да го намалат крвниот притисок и да ви помогнат да закрепнете од вежбање. Веројатно сте виделе дека тркачите пијат сок од цвекло, откако ќе завршат со трчање, бидејќи цвеклото спречува исцрпеност.
Калинки
Ова сочно овошје има многу полифеноли кои ги штитат клетките од слободните радикали, додека нудат и голема количина на витамин Ц. Калинката помага во контрола на крвниот притисок и нуди подобро закрепнување на мускулите после тренингот.
Карфиол
Во една чаша карфиол добивате оптимална дневна количина на витамин Ц, како и витамини А, Б6 и калиум.
Она што им заедничко на сите овие намирници е тоа што имаат многу малку калории. Затоа се одличен избор за одржување на линијата.
Ашера | Црнобело