Зошто треба да јадете брокула, иако не ви е омилена?
Брокулата е многу важна храна за сите оние кои се грижат за своето здравје. Исто така е корисна за оние кои се борат со вишок килограми, бидејќи содржи малку калории. Богата е со калиум, фосфор, магнезиум, натриум, железо, цинк, витамини Ц, А, Е, К, Б1, Б2, Б6, Б9, многу флавоноиди и ензими.
Брокулата потекнува од Италија, а именувана е според италијанскиот збор „broccolo“ што значи „гранка“. Може да се јаде во сирова форма (како салата) или да се готви.
Со редовно и правилно консумирање на оваа храна можеме да го зачуваме и подобриме нашето здравје.
Брокулата содржи голем број фитохемикалии кои имаат антиоксидантни својства. Познато е дека може да биде добра превенција од карцином, особено на дебелото црево, дојка и белите дробови.
Со долгорочна консумација на овој зеленчук може да се забави процесот на стареење на организмот.
Брокулата може да биде корисна состојка за жените за време на менопаузата, бидејќи витаминот К, калциум, магнезиум, цинк и фосфор, имаат корисен ефект врз коските и се добра превенција против остеопорозата.
Брокулата помага при одржување на железо во организмот, со што се спречува анемија.
Се препорачува и за луѓе со поголема тежина, луѓе со висок крвен притисок, холестерол и дијабетичари, а може да ја консумирате секој ден во најразлични комбинации од храна.
Ашера | Црнобело