Привлечните ароми на храната - На кој од овие мириси не можете да одолеете?
Привлечните ароми на одредени јадења можат да имаат многу моќни ефекти. Ако веќе имате желба за слатко и чувствувате мирис на свежо печени колачи, вашиот копнеж наскоро ќе стане уште посилен. Подолу се опишани најчестите мириси на кои луѓето едноставно не можат да им одолеат. Можете ли вие?
Чоколадо
Без оглед на тоа дали можеме да го намирисаме, на чоколадото ретко кој може да му одолее. Значи, мирисот на чоколадо понекогаш буквално нè прави немоќни.
Се разбира, постојат некои варијации - на пример, на жените им е многу потешко да му одолеат на чоколадото за време на одредени денови од менструалниот циклус (но ова веќе го знаевте).
Печени производи
Свежо печен леб или топли мафини се примамливи, без оглед на сè, но приказната не застанува тука.
Според истражувањата, кои се занимавале со тоа како храната влијае на чувствата, мирисот на печените производи предизвикувал чувство на сигурност.
Со други зборови, печените производи предизвикуваат позитивни сеќавања од нашето минато, поради кои се чувствуваме среќно.
Скара
Чувство на носталгија поврзано со мирисот на храната се разликува, во зависност од тоа каде сте пораснале. На пример, мирис на скара во некои региони предизвикува посилно чувство на носталгија, отколку колачиња со чоколаден прелив и други печива.
Чипс
Додека едните не можат да им одолеат на слатките колачиња, другите се борат со солени и крцкави грицки. Токму затоа многу луѓе го јадат чипсот до крај, буквално до последна трошка.
Мирис на сол и разни адитиви во чипсот, исто така, можат да доведат до неопислива желба за нешто солено и крцкаво.
На кој од овие мириси вие не можете да одолеете?
Ашера | Црнобело