7 овошја кои треба почесто да ги консумирате во лето
Ништо нема да ве освежи во текот на жешките денови како сочно, шарено овошје. Сите овие овошки се нискокалорични, со многу мали количества на јаглехидрати.
Во лето, пожелно е да ги консумирате почесто, за да го извлечете максимумот од нивните придобивки за здравјето:
Јагоди
Една чаша јагоди содржи 12 грама јаглени хидрати, што значи дека можете да јадете колку сакате.
Подгответе необична и освежувачка салса од јагоди со мешање на ситно сечкан црвен кромид, халапењо пиперка, сок од лимета и сол. Во комбинација со бела риба, ќе креирате ручек за паметење.
Малини
Истражувањата покажаа дека малини, поради присуството на калиум, се одлични во борбата против разни болести.
Пробајте да подготвите мохито коктел од малини. Додадете бел рум, сок од лимета и листови нане во малините, како и сируп од агава. Овој алкохолен пијалак нема високо калориска вредност. Впрочем, што е лето без добар коктел?
Боровинки
Ова слатко овошје има многу антиоксиданти и многу малку јаглени хидрати. На пример, половина чаша боровинки содржи само 10 грама јаглени хидрати. Можете да ги јадете како закуска.
За подготовка на салата од боровинки измешајте ги со зелена салата, краставици и бадеми.
Цреши
Во црешите ќе најдете витамин Б и К. Веројатно сте ги јаделе неколку пати во колачи, но пробајте ги во здраво смути.
Ставете ги црешите во блендерот, додадете половина банана, неколку ореви и малку мед за да добиете освежителен и здрав пијалак.
Диња
Бидејќи содржи бета каротен и витамин Ц, дињата треба да биде ваш избор што е можно почесто. Особено е важно да ја консумирате за време на изложување на сонце и високи температури.
Исчистете една половина диња и наполнете ја со јогурт, малини, боровинки и мед.
Лубеница
Лубеница содржи 11 грама јаглени хидрати и е полна со вода, што е особено здраво. За да ја вкусите на малку поинаков начин, исчистете ги парчињата и додадете фета сирење, листови нане, сол, бибер и маслиново масло.
Авокадо
Да, авокадото е овошје! Бидејќи има малку јаглени хидрати и многу здрави масти, не е ни чудо што е толку популарно. Докажано е дека луѓето кои јадат авокадо се поздрави.
Научете да подгответе гамакамоле. За него ви е потребно пасирано авокадо, сол, сечкан лук, сок од лимон или лимета и бибер. Измешајте ги сите состојки и сервирајте со суров зеленчук, како морков или пиперка.
Ашера | Црнобело