Кој е најздравиот појадок за слабеење?
Сакате да се ослободите од вишокот килограми? Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, особено ако се обидувате да ослабете. Но доколку еден или два часа подоцна повторно чувствувате глад, можеби треба подобро да ги одбирате намирниците за појадок.
Според едно ново истражување, најдобриот појадок е овесната каша. Во истражувањето учествувале 36 мажи и жени кои биле поделени во три групи.
Првата група појадувала овесна каша, втората житарици, а третата го прескокнувала појадокот и пиела само вода.
Во првата и втората група, испитаниците внесувале 350 калории за појадок. Во наредните три часа, сите испитаници требало да забележат дали се гладни, а истовремено давале и примерок крв од кој се утврдувало нивото на шеќер и инсулин во крвта.
Потоа сите испитаници добиле ист ручек и требало да јадат додека не се почувствуваат сити.
Како и што очекувале, научниците потврдиле дека групата која јадела овесна каша чувствувала најмалку глад во текот на утрото и попладнето. Покрај тоа, истата група консумирала 31% помалку калории за време на ручекот.
Овесната каша имала и добро влијание кај луѓето со прекумерна тежина и тие консумирале дури 50% помалку калории на ручекот.
Испитаниците кои појадувале житарици, веќе три часа после појадокот чувствувале глад, исто како и испитаниците што не појадувале.
Но зошто овесната каша подолго го задржува чувството на ситост?
Причината е тоа што ова намирница подолго се задржува во желудникот, додека житариците предизвикуваат голем пораст, но и пад на гликозата во крвта.
Ова истражување е уште едно од многуте кои потврдуваат дека овесната каша е најдобриот сојузник против вишокот килограми.
Овесот и продуктите од овес се навистина здрави. Исто така, овесот можете да го комбинирате и со други оброци, како на пример прилог за зеленчук или салата. Истовремено, со него се прават и разни здрави десерти.
Зошто баш овес?
Подолго сте сити
Хранливите влакна во овесот го зголемуваат волуменот на изедената храна. Поради ова, подолго време ќе се чувствувате сито.
Покрај тоа, хранливите влакна го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот, правејќи го овесот идеална за храна за оние кои сакаат да ослабат.
Го намалува холестеролот
Овесната каша го намалува нивото на лошиот холестерол. На овој начин го штити здравјето на срцето и крвните садови, а го намалува и ризикот од инфаркт и мозочен удар.
Го намалува крвниот притисок
Од сите продукти со коишто можете да го стабилизирате притисокот, овесната каша е најмоќна. Истражувањата покажале дека со редовно консумирање, можете да го намалите крвниот притисок и до 30%.
Намален ризик од рак
Продуктите од цело зрно, вклучувајќи ги и овесните снегулки, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево. Покрај тоа, истражувањата покажале дека го намалуваат и ризикот од рак на дојката, простата и јајниците.
Спирова С. | Црнобело