Како да испечете совршено крцкав зеленчук?
Без разлика дали се работи за компир, брокула или тиквички, печен зеленчук е незаменлив оброк. Не само што зеленчук подготвен на овој начин е вкусен, туку се подготвува брзо и лесно. Имајќи го тоа на ум, постои еден сигурен начин за подготовка на зеленчук, со кој истиот секогаш ќе биде совршено крцкав и карамелизиран.
Трикот е следен: не го ставајте зеленчукот на хартија за печење.
Кога подготвувате печен зеленчук, доколку не го ставите во хартија за печење, зеленчукот доаѓа во директен контакт со топлиот сад, што овозможува подобра (и побрза) карамелизација.
Од друга страна, хартијата за печење спречува директен контакт и ја задржува влагата на зеленчукот.
Повеќе влага значи дека ќе има повеќе пареа, поради што не може да се добие убава, кафеава боја, како ни крцкавост.
Ако се прашувате дали зеленчукот ќе се залепи за садот, нема причина за загриженост. Поточно, ако зеленчукот го печете со масло, истиот нема да се залепи за садот. Додадете повеќе зачини за да добиете совршен вкус.
Кога станува збор за чистење, се разбира, полесно се чисти садот кога храната е во алуминиумска фолија или хартија за печење.
Вистината е дека секогаш ќе има одредено количество масло во садот, па е неопходно да го измиете после секое печење.
Ашера | Црнобело