Храна која инстантно ќе ве расположи

Храната е многу повеќе од вкусно задоволство кое ни дава енергија. Знаевте ли дека некои прехранбени намирници всушност можат да ви го подобрат расположението?

podobrete-go-vasheto-raspolozhenie-so-pomosh-na-ovie-prehranbeni-produkti-01.jpg

Па следниот пат кога ќе се почувствувате нерасположено и не знаете што да јадете, дајте им шанса на некои од следниве намирници:

Семки од тиква

Испечете малку семки од тиква и додајте ги во вашата салата. Покрај тоа што имаат одличен вкус, семките од тиква се навистина добри за вас.

Тие се извор на триптофан, аминокиселина потребна за производството на серотонин. Серотонинот пак е невротрансмитер кој помага во регулирањето на спиењето и апетитот, го подобрува расположението и ја намалува болката.

Црно чоколадо

Чоколадото им е омилена ужина на речиси сите, па не е ни чудно што може да ви го подобри расположението.

Покрај тоа, какаото што се употребува во чоколадото е богато со магнезиум и го поттикнува лачењето на серотонин, правејќи да се чувствувате возбудено и среќно.

Авокадо

Не се чувствувајте лошо ако понекогаш дадете повеќе пари за авокадо. Авокадото, исто како и семките од тиква, е богато со триптофан кој го подобрува расположението.

podobrete-go-vasheto-raspolozhenie-so-pomosh-na-ovie-prehranbeni-produkti-02.jpg

Лимон

Доколку сакате да се расположите, во вашата салата додајте и сок од лимон, или пак направете си лимонада. Лимонот е полн со витамин Ц, а одличен начин да го започнете денот е со вода со лимон.

Овој пијалак ќе го прочисти црниот дроб, ќе го исчисти вашиот ум и ќе ви го подобри расположението.

Зелен чај

Пиењето чај е одлична релаксирачка навика, а зелениот чај го носи искуството на ново ниво. Зелениот чај е полн со теанин за кој е познато дека го намалува стресот и го зголемува нивото на енергија.

podobrete-go-vasheto-raspolozhenie-so-pomosh-na-ovie-prehranbeni-produkti-03.jpg

Брокула

Брокулата е полна со хранливи материи што го подобруваат расположението. Овој зеленчук помага во намалувањето на напнатоста и раздразливоста.

Кељ

Овој зеленчук е богат со хлорофил, состојка што го поттикнува правилното функционирање на мозокот и штити од депресија. Ова е состојка што ја препорачуваат многумина и што дефинитивно ќе ви о подобри расположението.

podobrete-go-vasheto-raspolozhenie-so-pomosh-na-ovie-prehranbeni-produkti-04.jpg

Ореви

Јаткастите плодови, особено оревите, се одлични за вашиот мозок и за вашето расположение. Овие јатки се богати со витамини од групата Б, како и омега 3 масни киселини, кои се клучни за позитивно расположение. Оревите помагаат во борбата против заморот и анксиозноста.

podobrete-go-vasheto-raspolozhenie-so-pomosh-na-ovie-prehranbeni-produkti-05.jpg

Боровинки

Јогурт со боровинки, пита со боровинки, вафли со боровинки... ова овошје е незаменливо за безброј десерти и оброци. Боровинките имаат повеќе антиоксиданси од кое било комерцијално овошје на Земјата и се одлични за вашето психичко здравје.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg