Како да препознаете квалитетно кафе?
Кафето е еден од најконсумираните пијалаци после водата. Глобално, дневно во светот се пијат во просек околу 2,25 билиони шолји кафе. Можеби звучи и изгледа лесно и едноставно, но за една шолја кафе да биде совршена, потребно е да се задоволат многу фактори.
Најпрво, кафето треба да е од проверено потекло и секако свежо. Само така и со правилен начин на обработка, може да се добијат вистинските арома, мирис и пред сè вкус кои ја красат совршената шолја кафе. Доколку секоја од овие особини е исполнета, домашната подготовка на кафето е полесна. За да го оцените квалитетот на вашето кафе, потребно е да се потпрете на сопствените сетила: вид, мирис и вкус.
Во продолжение листа на совети кои ќе ви помогнат да ги добиете оние совршени текстура, вкус и густа пена, и ќе направат уште повеќе да уживате во секоја испиена шолја кафе.
Боја
Започнуваме од сетилото за вид. Внимателно погледнете во шолјата и анализирајте како изгледа. Доброто турско кафе треба да има 2-3 милиметри висока пена со боја на лешник. Од друга страна, лошо турско кафе има светла пена со големи меурчиња наместо кремаста текстура или воопшто нема пена. Во тој случај кафето е предолго вриено. Можеме да го утврдиме составот на кафето врз основа на бојата и конзистентноста на кремастата пена. Бојата на темен лешник со црвеникава нијанса и малите компактни меурчиња, откриваат дека доминантната или ексклузивната мешавина на тоа кафе е од видот Арабика. Темно кафеавата кремаста пена, со сивкаста нијанса, и големи, некомпактни кругови, укажува на обилна или ексклузивна употреба на кафе од видот Робуста во мешавината.
Вкус
Потоа го инкорпорираме сетилото за вкус. Доброто кафе мора да има богат и густ вкус. Вкусот треба да е ароматичен, полн и долготраен. За целите на овој тест, пожелно е кафето да се пие речиси горчливо, бидејќи додавањето шеќер нема да ви дозволи правилно да го детектирате степенот на киселост и „телото“ на кафето.
Откако ќе ја приближите шолјата до носот, пополека вдишете го мирисот и голтнете ја првата голтка од кафето. Таа нота што ќе ја почувствувате е основната арома која се создава во процесот на печење на кафето. Понатаму ќе откриете и други сензации како примеси на чоколадо, ванила и изразени ароми на какао. Некои кафиња со висок квалитет се збогатуваат и со цитрусни ноти, па не чудете се ако почувствувате овошен вкус.
Киселоста на кафето произлегува од присуството на органски киселини кои се намалуваат за време на фазата на печење. Горчина доаѓа од трансформацијата на кофеинот што исто така се одвива во текот на процесот на печење.
Температура
Температурата на кафето е важен елемент, бидејќи топлината овозможува ослободување на повисока концентрација на ароми кои се разликуваат според мешавината. Доброто кафе треба да се пие топло. Експертите за гурманско кафе препорачуваат тоа да се меле по потреба, за да го зачува својот свежо – печен вкус колку што е можно подолго, но доколку тоа не е возможно внимавајте на пакувањето на кафето, ако сакате да уживате во извонреден вкус. Идеалната температура за зачувување на веќе – отвореното кафе е под 25 ° C. Тоа треба да се чува на суво, подалеку од влага. Кафето за жал, многу лесно ги апсорбира околните мириси кои го нарушуваат неговиот вкус, па бидете внимателни како го чувате.
Арома
За да се оцени интензитетот, финесата, богатството и конзистентноста на аромата на кафето, мора да се потпреме на директната перцепција на носниот канал. Додека ја приближувате шолјата кафе до носот, топлиот и влажен воздух ќе ви оддаде многу различни ароми од кои најчести се:
Арома на чадено или печено: доминантна карактеристика на секое свежо мелено кафе.
Арома на чоколадо: арома во која можеме да препознаеме силни вкусови на какао.
Арома на ванила: типична за силно ароматизираните кафиња. Понекогаш потсетува на разни благи овошни мириси, а особено цитрус.
Арома на кикирики: оваа арома укажува на неквалитетно и премногу испечено кафе.
Цветна арома: пријатна сензација, типична за многу ароматизирано кафе.
Арома на трева: потсетува на мирис на свежа трева, во ред е ако е мек и привремен, но е непријатен ако мириса на јута - овој мирис произлегува од влажните торби од јута во кои се собира и складира кафето што значи дека потеклото не е проверено.
Арома на слама: мирис сличен на сушени стебленца слама, што значи дека кафето е направено од многу суви бобинки кафе и повторно укажува на непроверено потекло на кафето.
Се надеваме дека ви помогнавме да станете експерти за квалитетно свежо – мелено кафе. Наша препорака за кафе кое ги исполнува сите мерила е Гранд Кафе кое ви пружа неверојатна арома, мирис и вкус со секоја голтка.