Зошто не можам да изедам само едно чипсче и да сопрам со грицкање?
Многумина знаат лесно да се прејадат со крцкави закуски како што се чипсовите. А една нова студија вели дека звукот на храната која крцка ја прави уште повкусна за нас и доведува до прејадување.
Производителите намерно ги означуваат различните видови на храна како крцкави за да нè натераат да јадеме повеќе од нивниот производ.
Дури и оние со силна волја и самоконтрола тешко можат да се сопрат и да изедат само едно чипсче. Иако овие грицки се богати со сол и маснотии и тоа ги прави неодоливи, сепак вкусот не е единствената причина зошто не можеме да престанеме да ги јадеме.
Луѓето сакаат да јадат чипсови на коишто е назначено дека се крцкави. Научниците забележале дека испитаниците јаделе многу повеќе чипс и слатки додека гледаат филм, доколку тие се покрцкави.
Маркетингот на производите коишто се нагласени дека се крцкави се покажал како поуспешен, а дури и луѓето повеќе јаделе од производот кога не носеле слушалки и можеле подобро да го слушнат крцкањето.
Всушност сево ова ни кажува дека она што е нагласено дека е крцкаво ги тера луѓето да обрнат внимание на звукот на нивната храна, што го зголемува задоволството при јадењето. Но, зошто толку ни е битна крцкавоста?
Тоа е затоа што луѓето најчесто крцкавоста на храната ја поврзуваат со позитивни карактеристики, како што е свежината на производот. Ова доведува до поголемо уживање во храната, а со тоа и до поголемо консумирање.
(О)Милена | Црнобело