Навалете на младо кромитче – зошто е полезно да го јадете, особено зелените перца?

Сезоната на млад кромид започна и слободно може да јадете колку што сакате од него, бидејќи речиси нема нешто за кое не помага, а ова особено важи за перцата, односно зелениот дел.

Navalete-na-mlado-kromitce-01.jpg

Младиот кромид е богат со минерали и витамини, а најмногу прави разлика во однос на овие три работи:

Го штити срцето

Бидејќи младиот кромид е полн со антиоксиданти коишто ги штитат клетките од оштетување од слободните радикали, нема да згрешите ако јадете млад кромид и секој ден. Покрај ова, тој го одржува крвниот притисок во граници на нормалата и го намалува ризикот од создавање на грутки во крвта.

Ги зајакнува коските

Младиот кромид изобилува со витамин Ц и К коишто се одлични за коските. Само едно перце содржи околу 20% од дневно препорачаната доза на витамин К и околу 2% витамин Ц.

Го намалува холестеролот

Доколку сте од оние што ги фрлаат зелените перца од младиот кромид, после оваа информација ќе престанете бидејќи токму тие го намалуваат лошиот холестерол и го регулираат шеќерот во крвта.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg