6 причини да јадете авокадо секој ден
Авокадото е една од оние намирници кои или ги обожавате, или не можете да ги смислите. Го бие глас дека е полно масти, но тоа се здрави масти, а плодот е полн со витамини и минерали.
Има многу причини зошто треба почесто да консумираме авокадо, а ние ги издвојуваме најважните:
Го намалува холестеролот
Авокадото е начин да го намалите холестеролот без лекови - содржи стероли, состојка која докажано го намалува холестеролот така што ја блокира неговата апсорпција во крвта. Авокадото исто така е богато со витамин Е, магнезиум, витамин Ц, фолна киселина и цинк и содржи повеќе калиум од бананата.
Го намалува ризикот од срцеви заболувања
Најефикасните начини да спречите одредена болест најчесто се наједноставни. Истото важи и за срцевите заболувања - истражувањата покажуваат дека кога ќе ги замените заситените со незаситени масти, значително го намалувате ризикот од срцев удар.
Го регулира шеќерот во крвта
Може да додадете авокадо во вашиот сендвич или да го искомбинирате со омиленото овошје во блендер. Кој начин и да го одберете, ќе ја одржите стабилноста на шеќерот во крвта. Дополнително, доволно ќе ве засити, така што ќе ви помогне доколку сакате да одржите здрава телесна тежина и да ги намалите оброците.
Ја одржува косата здрава
Одредени навики поврзани со начинот на кој ја одржувате косата може да ви донесат повеќе штета отколку корист. Но, тука настапува авокадото - испасирајте едно зрело авокадо со една мала лажичка масло од јојоба. Нанесете на свежо измиена коса од коренот до врвовите, а потоа покријте ја главата со капа за туширање. Оставете да делува 15 минути до половина час а потоа исплакнете.
Го подобрува дигестивното здравје
Растителните влакна што ги содржи авокадото одржува баланс помеѓу добрите и лошите бактерии во организмот, со што влијае директно на коренот на некои од дигестивните заболувања. Мастите од авокадото ги потхрануваат цревата и ве штитат од констипација.
Ја подобрува когнитивната функција
Масните киселини се основа на здрав нервен систем, репродуктивен систем и когнитивни процеси. Масните киселини исто така ги балансираат хормоните, што пак има директен ефект врз вашето расположение. Редовната консумација на авокадо може да го намали степенот на анксиозност и други ментални нарушувања бидејќи овозможува норнални нивоа на хормони и ги контролира механизмите кои се виновни за стресот.
A. Ш. | Црнобело