5 намирници кои имаат повеќе протеини од месото
Протеините се важен дел од нашата исхрана. Кога не би внесувале протеини, веројатно е и дека за кратко можеме да си го нарушиме здравјето.
Тие се основна градбена единка за мускулите, тетивите, дел од органите, сврзното ткиво, а влијаат и врз хормоните.
Општо познато е дека месото, млечните производи и јајцата содржат протеини, но ги има и во голем број растителни намирници.
Ова се петте намирници кои се најбогати со протеини:
Чиа семе
Ова ситно семе е меѓу најздравите видови храна во светот. Само две супени лажици чиа семе ќе обезбедат 4 грама протеини, 11 грама растителни влакна, како и омега 3 масни киселини.
Се одгледувала во Мексико, а ја ценеле и Ацтеките, Маите и Инките.
Бадеми
Најдобро е да консумирате путер од бадеми. Доволни се само две лажички, за да обезбедите 7 грама протеини со растително потекло. Иако се работи за масна храна, путерот од бадеми има помалку масти отколку путерот од кикирики.
Исто така богат е и со витамин Е, магнезиум, калциум, фолати и омега 3 масни киселини.
Киноа
Киноата е нешто меѓу семе и житарица, која се одгледувала изворно на Андите во Јужна Америка. Се работи за многу издржлива билка, која е тешко да се уништи.
Една полна шолја киноа има 8 грама протеини, а го снабдува нашето тело со сите аминокиселини кои му се потребни за правилно функционирање.
Леќа
Леќата е нискокалорична, богата со растителни влакна и содржи 9 грама протеини во половина шолја. Има црвена, кафеава, зелена и жолта леќа и секоја боја има различни нутритивни вредности.
Заедничко за секој вид леќа е што се евтин и вкусен начин да ги обезбедиме потребните протеини за нашето тело правилно да функционира.
Семе од коноп
Семето од коноп содржи по 10 грама протеини во две лажички и е прво на местото природни извори на протеини. Нутриционистите го споредуваат и со говедско и јагнешко месо.
Содржи високо ниво на витамини и минерали како што се витамин Е, фосфор, калиум, магнезиум, сулфур, калциум, железо и цинк.
Е. Д. | Црнобело