Карфиол, брокула и уште 5 намирници кои имаат повеќе витамин Ц од лимон и портокал
Кога ќе помислите на витамин Ц, веднаш пред очи ви се создава слика на портокали и лимони. Но, дали знаевте дека други овошја и зеленчук се многу побогати со витамин Ц?
Звучи необично, но следниот пат обидете се да ги победите настинката и грипот со брокула, карфиол или јагоди.
Јагоди
За споредба, еден портокал содржи 70 милиграми витамин Ц, додека една поголема јагода цели 10.5 милиграми. Изедете десетина јагоди и ќе внесете повеќе витамин Ц отколку со еден изеден портокал.
Јагодите исто така имаат голема количина магнезиум и фолна киселина, што помага за регулирање на шеќерот во крвта.
Брокула
Можеби не ви е омилена, но во 100 грама брокула има 89 милиграми витамин Ц. Тоа е безмалку препорачаната дневна количина за внес на витамин Ц - 90 милиграми. Овој зеленчук има и доволна доза витамин К за одржување на здравјето на коските.
Бабури
Црвени, зелени, жолти… каква боја и да се, содржат трипати повеќе витамин Ц од портокалот. Најмногу витамин Ц има во жолтите бабури - дури 341 милиграм. Бабурите се одличен извор на растителни влакна, а и не се многу калорични.
Киви
Две киви содржат околу 169 милиграми витамин Ц. Кивите се овошка богата со калиум и серотонин, хормонот што предизвикува пријатно чувство и овозможува квалитетен сон.
Ананас
Една шолја ананас содржи 79 милиграми витамин Ц, а ова тропско овошје помага при варење на храната и го намалува чувството на надуеност. Ананасот има и анти-воспалително дејство, и ги намалува отоците после вежбање или повреда.
Папаја
Една шолја папаја има 86 милиграми витамин Ц - таа ги зацврстува коските, ја освежува кожата и ги прочистува синусите.
Карфиол
Неверојатно, но вистинито - едно мало гранче карфиол има 123 милиграми витамин Ц. Може да го подготвите на пареа или да направите пире, секако ќе имате здрав и хранлив оброк.
A. Ш. | Црнобело