Почнува големиот Велигденски пост - правила кои мора да ги следите доколку постите
Денес, понеделник, 11-ти март, почнува големиот Велигденски пост, најдолгиот од четирите големи во православната вера.
Трае точно 48 дена и важи за најстрогиот пост во годината, бидејќи се пости на вода, со исклучок на викендите, освен кога се работи за Голема сабота, ден пред Велигден.
Постот не е само откажување од мрсната храна, туку најважно е да се работи и на воздржување од лоши мисли и дела, со кои ќе успеете да ги победите телесните страсти со духовна сила.
Важно е храната да се подготвува на вода, посебно во среда и петок. Виното и маслото се дозволени само во сабота и недела.
Не е дозволено консумирање на месо, јајца, сирење, млеко и сите млечни производи.
Рибата може да се консумира секоја сабота и недела, како и на празници.
Целта на овој пост е најголемиот христијански празник да се дочека во мир и тишина.
3 рецепти со кои може да почнете да постите, без грам масло.
М. Д. | Црнобело